Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

TERRA MADRE MAКЕДОНИЈА: МАСТЕР ЗА ХРАНА, ЛАБАРАТОРИЈА ЗА ВКУСОВИ, КУРС ЗА ПИВО ПЛОШТАД „МАГНОЛИЈА“ БИТОЛА

Курсевите „Маster of Food“, претставуваат  класични лекции за добра, чиста и правична храна преку кои ќе научите не само како да ги распознавате задоволствата од храната и нејзината вредност, туку и  да научите да правите секојдневен правилен избор на храна. Првиот курс за пиво ќе се одржи во Битола на 24 јуни во 17 30 часот.

Најважната лекција е како да ја избереме храната која ја купуваме и консумираме секој ден. Едукацијата за храна во Слоу Фуд ја нагласува важноста на врската помеѓу храната и задоволството, препознавањето на вкусовите и обичаите на трпезата, како и интересот и љубопитноста за откривање на историјата позади чинијата или производот, но и лицата и рацете на тие од кои е произведена.

 

Курсевите „Маster of Food“, претставуваат  класични лекции за добра, чиста и правична храна преку кои ќе научите не само како да ги распознавате задоволствата од храната и нејзината вредност, туку и  да научите да правите секојдневен правилен избор на храна.

Курсевите вклучуваат теоретски предавања, презентации,  дегустации и практични совети како да изберете добар производ, но и нешто повеќе за историјата и културата на гастрономијата.

Курсевите ќе ги водат искусни експерти, познавачи и производители на производите кои се предмет на курсот.

 

Петок  24.06 2016

Модератори:
Марјан Костадиновски – познавач на пиво
Алксандар Матевски – мајстор за пиво
Пеце Цветковски – производител на пиво

Поглавја:

  • Кратка историја на пивото
    Пивото во Македонија
    Состојки и процес на производство
    Големата фамилија на пивото: ејл, лагер и ламбик
    За стиловите детално
    Пивото и здравјето
    Дегустација
    Служење
    Чаши
    Комбинации