Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ШТО Е „ПОРТЕР“, „СТАУТ“ И „ГИНИС“?

Сеуште има луѓе кои со презир и предрасуди гледаат кон темните пива. Некои дури и со цинизам велат: „Абе тоа е пиво со нескафе“. Навистина, освен бојата, мирисот на темните пива и потсетува на кафе, но тоа доаѓа од печењето на сладот, Бидејќи темните пива се прават од препечен јачменов слад, Сладот, како што знаете од претходните текстови, е изртен јачмен кој потоа се суши и пече и користи како сировина за правење на пиво и виски.

Постојат многу видови на виски и многу видови на пиво, но кај излезната сировина – сладот нема многу разлики. Тоа е секако јачмен кој може да е изртен, исушен и испечен ил иво комбинација со несладен јачмен како поевтина варијанта. Пред да се свари се меле и се прави каша од него, која потоа ферментира, се додава хмељ, цеди, созрева  и по извесно време се добива пиво. А з апроизводство на виски ферментираната смеса се вари во казани,

темните пива како и сите останати се групираат по извесни знаци, како по боја, мирис, суровина, технологија, температурата, времето на одлежување, видот на квасецот, и ферментацијата содржината на алкохолот, локалните традиции итн.

Најопшто кажано постојат 10-тина видови на видови на стоут пива. Стоут, Ирски Стоут, Империал Стоут, Портер, темен лагер, Бок, допелбок, марцен, амбер ејл, Виена лагер, Дункел, Дункелваизен итн

Некои ги нарачуваат и најопшто како „темно пиво“. но разликите се големи. Бојата се контролира според количеството на слад, или препечениот јачмен во суровината. Кога во светлиот основен слад се додаде малку од препечениот јачменов слад, се добива малку темно пиво. (Слични мешавини од различни видови на слад се користат и за добивање на тн Црвено пиво, или Ајриш Ред Ејл, – ирско црвено пиво) кое е всушност темно црвено пиво но не се смета з а темно пиво.

Ако целата суровина е од препечен слад, пивото станува сосема темно, ако се додаде и некоја друга сорта на препечен слад тогаш се регулира степенот на бојата според процентите.

Но постојат и полесни начини. Во прехрамбената индустрија се користи и карамелата како суровина за боја. Стандардизирани се три вида на карамела  Е-150a, E-150b, E-150c, E-150d.. тоа е исто така природен колоризатор, а разликата помеѓу четвртиот е само во бојата. тој е најтемен и со боја токму на темно пиво како што го има на пример во Гинисот.

Со првите две бои на пример се обојува виските, Тоа може да го приметите на одредени шишиња на виски на кои е забележано дека содржат Е-150. Со исклучок на неколку бледи бои на вискито од типот на блендед, сите останати се обоени со карамел. иако на повеќето од нив тоа не е истакнато.

Без многу да се зборува за тоа во индустријата на пиво, исто така се користи карамелот и за стабилизирање на бојата, и за добивање на темно пиво со додавање на помалку препечен слад. Се разбира тоа е и од економски причини поради високата цена на препечениот слад. Првото поскапување на јачменот е кога се доведува во форма на слад, а второто поскапување на цената е кгоа се формираат останатите варијации на препечен слад.

Пиварниците исто така го користат и процентот на несладен јачмен, поради форимирање и а н крајната цена на пивото. Но тоа го влошува вкусот на пивото, но не се забележува многу доколку е до прифатливите 30%.

Се разбира сето ова не значи дека темните пива целосно се бојадисуваат. Постојат многу брендови со традиција, во кои се користи препечен слад. има различни нивоа на печење на сладот, слично како кај кафето. И не случајно се забележани тие врски помеѓу темните пива и кафето. – кои доаѓаат токму од вкусот на препечениот слад а не од други мириси.

Темните пива прв пат се појавиле во Велика Британија, отпрвин како пивото Портер (Porter) самиот збор значи носач, бидејќи главно ова пиво го пиеле токму таа социјална група на граѓани, и така почнале да го викаат тој пијалок – Портер. Постепено почнаа да се прават и различни видови на Портер -посилни и послаби. Една варијанта почнале да ја викаат Stout Porter, односно силен, здрав Портер со повеќе алкохол . Со тек на времето се групирани во две одделни имиња за различни пива Портер и Стоут. иако станува збор за ист вид. А денес постојат многу варијанти на Стоут како со понизок така и со повисок процент на алкохол.

„ГИНИС Е МАЈПОЗНАТ

Пивото Гинис е најпознатото темно пиво во светот од типот на Стоут. Тоа е воедно и најпопуларниот пијалок во Ирска. Но и светот е преполн со Ирски пабови во кои традиционално се пие пивото „Гинис“. Иако од 2001 г потрошувачката почна да опаѓа сеуште годишно во над 12 земји се продаваат 850 милиони литри од брендот „Гинис“. А се произведува дополнително во пивски фабрики во 60 земји во светот. по лиценца.

Специфичната арома и вкус се должи најмногу на суровината, во која има силно препечен несладен јачмен. По традиција во минатото го мешале одлежаното пиво со младото пиво за да се добие специфичниот вкус. Но денес, производителот не кажува далу сеуште ги користи тие технологии на мешање,  Специфичниот вкус на точениот Гинис доаѓа од користењето на азот при точењето.

Брендот е создаден од страна на Артур Гинис, уште во средината на 18тиот век во Даблин.

Постојат неколку основни видови на пивото Гинис:

Guinness Draught е наливно пиво во кегови, се продава насекаде по ирските пабови има алкохол од 4,1 до 4,3 %.

Guinness Original/Extra Stout – флаширана варијанта во лименки и наливно исто така. со различна содржина на алкохол насекаде во светот. пример во Ирска е од 4.2-4.3%, во Германија е 4.1%, во Јужна Африка е 4.8%, во САД и Канада е 5%, 6% во Австралија и Јапонија.

Guinness Foreign Extra Stout е  со највисока содржина на алкохол. флаширано е 7.5% во Европа, САД, Канада, Азија и Африка. за него се вели дека се користи неферментиран екстракт од хмељ од Даблин. кој се носи во локалните фабрики во светот, Алкохолниот процент на овој вид е нешто помал во Кина %, во Јамајка, 6,5 %, и 8% во Сингапур.