Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СТАРОГРАДСКО ЦРВЕНО ПИВО- ПРВО ЦРВЕНО ПИВО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР

Полека, но срамежливо ситуацијата кон подобро се менува и во Македонската пивска сцена. Очекувано од компанијата „Кодинг Горска“ го добивме, конечно и првото црвено пиво на македонскиот пазар „Староградско црвено пиво“

 

Компанијата “Кодинг Горска” го надополни портфолиото на производи во сегментот на пива со нов, уникатен производ- Староградско Црвено пиво. Ова е првото црвено пиво на македонскиот пазар, изработено од специјален јачменов слад- BEST Red X malt, кој се користи исклучиво за производство на црвени пива, хмељ и квасец во комбинација со природна, изворска Горска вода. Идеален придружник на телешко месо, пршута и специјални видови на сирења.

Специфичниот јачменов слад му ја дава уникатната црвена боја на пивото и полн вкус .„Староградско Црвено“ е  висококвалитетно, премиум пиво кое содржи 5,6% алкохол и може да се најде во стаклено пакување од 0,33 л, неповратна амбалажа.Достапно е во пакување од 4,6 и 12 шишиња и веќе може да се најде по македонските маркети.

Староградско пиво е прво и единствено непастеризирано пиво во Македонија, изработено по традиционален германски рецепт, исклучиво од хмељ, јачменов слад, квасец и природна Горска вода во технолошки најсовремена бутик пивара.

во очекување на други новитети да се потсетиме на претходната реклама на „староградско премиум пиво“