Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СТАРОГРАДСКО BEER TOUR

На 16ти март порталот за промоција на пиво и пивска култура „СакамПиво“ во соработка со Кодинг Горска ве водат во фабриката во с Конопиште каде што се произведува СТАРОГРАДСКО ПИВО. Посетата и екскурзијата е дел од серијалот на пивски туризам кој порталот има за цел да го практикува секој месец.

Правила за „Староградско Beer Tour“

Организатор
Организатор на „Староградско Beer Tour“ е Друштвото за производство, промет и услуги Кодинг Горска Дооел, со седиште на ул. Шарпланинска бр. 4, 1000 Скопје Р. Македонија, со ЕМБС 6657869 во соработка со порталот за промоција на пивото и пивската култура “sakampivo.mk”. Право на посета на турата имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија. Турата ќе се оддржи на 16.03.2019 година (сабота).
Цена и плаќање
Вкупната вредност на турата изнесува 1.500 денари. Секој пријавен е должен да ја изврши уплатата најдоцна до 14.03.2019 година. Турата вклучува: превоз од Скопје до с. Конопиште (каде што се наоѓа фабриката на Кодинг Горска Дооел) и назад во Скопје, посета на пиварата на Староградско пиво во придружба на технолог кој што ќе им го објасни на присутните целиот процес на производство на Староградско пиво, дегустација на Староградско пиво, ручек и сертификат за посета.
Уплатата се врши на една од жиро сметките на КОДИНГ-ГОРСКА ДООЕЛ:
– 200002256061203 депонент на Стопанска банка АД Скопје
– 300000003386791 депонент на Комерцијална банка АД Скопје
-210066578690130 депонент на Тутунска банка АД Скопје
– 270066578690234 депонент на Халк банка АД Скопје
– 380276908203181 депонент на Прокредит АД Скопје
– цел на дознака: “Учество во промоција на Староградско пиво” . Писмената потврдата од уплатата, која организаторот ќе му ја прати на е-мејл на патникот, треба да се приложи на увид на денот на поаѓање во автобус.

Времетраење
Состанок на групата ќе биде пред „Дрводекор“ во Скопје во 09:30 часот и поаѓање кон с.Конопиште во 10.00 часот. Пристигнување во фабриката на КОДИНГ-ГОРСКА околу 13.00 часот. Посета на пиварата во придружба на реномиран технолог, дегустација на пиво и ручек до 16:00 часот. Пристигнување во Скопје околу 19.00 часот.
Пријавување
Пријавувањето за турата ќе се одвива на следниот мејл: info@sakampivo.mk и истото може да се направи најдоцна една недела пред поаѓањето односно најдоцна до 09.03.2019 година. Задолжително е да се наведат следните информации:
– Име и презиме
– E-mail адреса
– Телефон за контакт
Личните податоци се наменети исклучиво за лична употреба и е строго забрането какво било користење на истите во комерцијални цели од страна на организаторот, учесниците или други лица.
Лицата кои нема да го пријават своето учество во согласност со правилата за пријавување или ќе приложат неточни податоци го губат правото на учество во турата. Во случај на давање на неточни податоци, лицата сами ја сносат одговорноста за истиот чин, поточно организаторот нема да сноси никаква одговорност по овој основ.
Групата на Староградско Beer tour ќе биде составена од најмногу 20 луѓе.
Општи услови
Организаторот на турата гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на турата ќе се оствари во потполност на опишаниот начин, освен во случај на влијание на „виша сила” која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).
Право на патникот за откажување од патувањето
Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма на info@sakampivo.mk . Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на турата) и тоа за отказ од 7 до 1 дена пред патувањето следува поврат на 90% од уплатената вредност.
Aко патникот не се појави или го откажe своето присуство на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на турата, односно 100% од вкупната вредност на билетот за посета.

СТАРОГРАДСКО ПИВО