Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СЛОВЕНИЈА: КАМНИК, ПРЕСТОЛНИНА НА МАЛИТЕ ПИВАРНИЦИ ИЛИ СЛОВЕНСКИОТ БАМБЕРГ

 MMC RTV SLO, Televizija Slovenija: Пиварниците соработуваат на пријателски начин. Во Словенија веќе може да се пофалат дека имаат многу голем и богат избор на врвни вина, а  од неодамна понудата на различни видови на пиво исто така стана интересна. А сето тоа се должи благодарение на појавата на малите пиварници. Само во Камник, едно мало градче во Словенија, пивото се произведува во 5 пиварници. a домашното пиво слободно се нуди и по локалните пабови и фестивали, 

 

Малите пиварници кои ги има во Камник, почнаа да се појавуваат сосема спонтано и природно. Меѓу првите од нив е пиварницата Mali Grad. „Почетоците на нашата пиварница датираат од 2013 година кога се запознавме со сегашната сопруга со која заедно правевме пиво во гаража, која ми ја отстапија моите родители, бидејќи не дозволуваа да се прави во кујна“. раскажуува за скромните почетоци Урбан Флорјанчич од Пиварницата „Мали Град“.

 

Но, за тоа потребно е многу трпеливост, тестирање и експерименти, наоѓање на нови рецепти, за да ги прилагодиме и направиме успешни. „Во Пиварницата Мали Град, вариме нон стоп, речиси постојано по 8 различни видови на пиво во стаклена амбалажа. Исто така постојано имаме и по некој новитет како на пример мо моментов имаме грејфрут пиво. “ продолжува Флоријанчич. 

ЉУБОПИТНОСТ, РАДОСТ И ЗНАЕЊЕ

Сите велат дека пиво почнале да прават од љубопитност и љубов кон овој пијалок пред се. „Почнавме дома да правиме пиво од хоби пред се, имаме еден локал, а потоа и стана бизнис“ изјавува Јанез Скок, од пиварницата Maister. каде што нивното пиво е именувано според нивниот сонародник генералот Маистер. „Самата приказна е именувана според големите Словенци од минатото: Вега, Гал, Русјан и Нордунг. и така натаму. Специфични се бидејќи се направени од најквалитетните суровини, со максимален труд и важно е дека се исти како самите нас, го отсликуваат нашиот карактер“.

Интересна е и приказната со малата пиварница Барут. ја основаа тројца другари од биотехнолошкиот факултет специјализирани за размножување на квасците а насочени кон спонтана и мешана ферментација во дабови буриња. Миха Томе едниот од нив изјавува. Ние сме тројца истражувачи кои се запознавме на катедрата за микробна биотехнологија на Биотехнолошкиот факултет. Таму работевме на квасците, па така почнавме да правиме и дома. За време на варењето сфативме дека нашето знаење ни отвара нови можностИ.“ Тие почнаа да тестираат разни микроорганизми, и со текот на годините станаа вистинска микропиварница. „Ние експериментираме постојано. правиме различни работи и има простор на пазарот“. додаде тој

БЕЗ ВОДА НЕМА ПИВО

Водата има посебна улога во пивото. Томе објаснува: „Во Камник има многу многу добра вода. Таа има многу ниска минерална содржина, и од тој аспект имаме многу среќа. тоа беше исто така еден од мотивите зошто се преселивме во Камник. “ Останатите пиварници исто така ја истакнуваат важноста на водата за квалитетот на нивните пива. 

Интересно е дека не постои ривалство меѓу нив. „До сега во Камник се отворени четири пиварници, и сите имаат направено уникатни пива. имаме конкуренција, но ние сме исто така и пријатели, работиме заедно и си помагаме едни на други“ рече Флоријанчич.

Останатите туристички капацитети во Камник исто така се задоволни од резултатите и импресивниот успех на пиварниците. „Камник станува интересна дестинација поради пиварниците. Нивниот глас исто така е шири надвор од границите. и со радост секогаш се рангирани и добро оценувани од разните фанови“ објаснува Божена Петеррлин од Институтот за туризам. спорт и култура на КАмник. 

 
ЛИНК 

Пиварница Мали Град