Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СКОПСКО – 95 ГОДИНИ КРЕАТОР НА ДОМАШНАТА ПИВСКА КУЛТУРА

Пивара Скопје лансираше нова комуникациска платформа со која започнува одбележувањето на 95- годишнината на носечкиот бренд во своето пивско портфолио. Со неа, СКОПСКО потсетува на својата автентична вредност која ја поседува уште од 1924 година – да биде еден вид специјална нитка која ги поврзува луѓето.

Носечки елемент на новата комуникациска платформа е видео спотот кој на емотивен начин ја пренесува пораката за СКОПСКО како социјално врзивно ткиво кое продолжува да повикува на заедништво. Видео спотот го илустрира СКОПСКО како извор на инспирација на многу генерации, поттикнувач на оптимизмот и креатор на заеднички доживувања што го слават животот. Спотот се снимаше на локации во Скопје и Битола и е во домашна продукција.

СКОПСКО е без сомнение еден од најсилните македонски брендови. Преку континуираните вложувања и новините што ги воведе на пазарот во изминатите 95 години, СКОПСКО значајно придонесе за развојот на пивската култура и на домашната пивска индустрија во целина. Во изминатите неколку години, предводничката улога на СКОПСКО на домашниот пазар беше потврдена со појавувањето на неколку бренд-екстензии, како што се: СКОПСКО Радлер, СКОПКО Цреша, СКОПСКО Темно, СKОПСКО Smooth и СКОПСКО Нефилтрирано. Дополнително, за високата репутација што ја има СКОПСКО придонесува и поддршката што брендот со децении ја обезбедува за развојот на спотот, културата, уметноста и останатите значајни општествени сегменти.