Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ЗИМСКИ ПИВСКИ САЛОН 2019

Зимскиот пивски салон е продолжение на Крафтинг пивски салон кој што се случуваше два пати во годината на различни локации (пролет и лето, пред се галериски простори како на пример Арт Кафе Кашмир, галеријата во Кинотека на Македонија, платото пред Куршумли Ан) во организација на порталот сакам пиво.мк портал за промоција на пивото и ширење на пивската култура во Македонија.

Целта на овој настан е да се подигне културата на одговорно конзумирање и однесување на овој пијалок и прерасне на ниво на сите светски настани од овој тип. Здружени и со заедничка локална поддршка од сите пивари, увозници и производители на домашно пиво овој настан од секое издание почнува да привлекува интерес. 

Најдобриот момент за пивото денес е тој дека во пивото може да уживаме во секој период на годината, а не само преку лето како што се мислеше порано. Повеќето пивски фестивали се одржуваат во текот на летниот период за да се искористи убавата врска помеѓу топлото време и ладна чаша пиво. и потоа треба да чекаме цела зима и есен за да повторно уживаме во истата чаша ладно пиво.

 

За да ја надополниме оваа празнина, порталот сакам пиво.мк одлучи да ги организира токму пролетните и зимски пивски салони и заедно да наздравиме со чаша добро пиво. Сето тоа го налага огромниот избор и селекција на пивски стилови кои ги има на нашиот пазар, но и секогаш ќе се трудиме да има и некои ексклузивитети кои ќе бидат достапни само на пивските салони.

Според проценка, ваквите помали настани се добра можност и за помалите пивари да ги презентираат своите сезонски пива,

***внимателно селектирана музичка програма
***тематски видео проекции,
***галериски дел со тематски рачни ракотворби, чаши, слики,
*** уникатни пивски стилови и брендови кои што досега ги немало на пазарот

влез 200 ден (на врата) За првите 300 посетители обезбедени се брендирани чаши со лого од настанот и со тоа добиваш можност да присуствуваш на овој настан и да уживаш во различниот вкус на пивото, да си ја задржиш чашата во својата приватна колекција за спомен. 

комплетната листа на учесници пивари ќе се објави наскоро

more to come…

МУЗИЧКА ПРОГРАМА
ДЈ КОСТАДИН ШУРБАНОВСКИ (КАНАЛ 103)
ДЈ МЕЛАНИ ДИГИТ

да ја завршиме оваа најуспешна пивска година во република македонија

линк за настанот

https://www.youtube.com/watch?v=f2WrNw7iF-4&t=1s