Минатиот месец Швајцарија издаде две поштенски марки под името Bierbraukunst или Умешноста во пиварството – на едната марка е кригла од светло пиво, а на другата чаша од темно пиво. Марките се издадени по повод 125 годишнината од доминацијата на пивото над виното на пазарот на Швајцарија.
Денес во Швајцарија постојат 900 пиварници, а првата голема пиварница е Berner Beat, која што е основана во Берн во 1683 година, од страна на семејството Фишер, кое што ја основало и Швајцарската пошта.
Во Швајцарија оваа едиција наишла на поделено мислење, и доста критики, па така дел од забелешките се и тоа дека темното пиво е прикажено во чаша за пченично пиво, но и поради тоа дека едицијата се состои само од две марки, односно два вида на пиво, бидејќи 900те пиварници варат околу пет илјади различни марки на пиво, односно барем триесетина пивски стилови.
извор: craftbiermagazine.de