Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ШТО ЗНАЧИ ПИВОТО ДА Е ОРГАНСКО?

Дали органското пиво е тренд, или визија за иднината? Органските производи често се декларираат како здрави, но дали е реална нивната висока цена? Зошто се толку скапи на прв поглед. Повеќетомина различно гледаат на оваа појава, некои од здравствени причини, а други поради интегритет и гордост.

Тешко достапните состојки за производство на органско пиво се главната причина дека ова пиво е ретко и тешко може да се најде во продавниците или пак во кафе баровите или пак се двојно поскапи од стандардните пива. Џонатан Уатс ( Jonathan Watts) виш службеник за сертификација, Soil Association, нагласува дека за добивањето на сите потреби сертификати и докази дека пивото е органско е еден долг и макотрпен процес. За да пивото биде органско, сите негови состојки мора да бидат органски. Тоа значи без адитиви, пестициди, хербициди, инсектициди и сулфати. 

Според една статија на Индепендент ( independent.co.uk ), наоѓањето на доверлив хмељ со органско потекло може да биде голем предизвик посебно за оние пивари кои сакаат да го следат трендот и прват пива со модерен и несекојдневен вкус. Достигнувањето на органскиот статус е тешка задача како за одгледувачите, така и за пиварите. но Уатс верува дека сето тоа некогаш и ќе се исплати.

„Еколошки одговорното производство на суровините кои се користат во производство на органското пиво допринесуваат за еколошки одржлива почва и природното опкружување. Soil Association ги промовира издржливите начини на производство на пиво кои вклучуваат и користење на обновливи извори на енергија и органски материјали. На пример, производството на пиво може да има големо влијание на енергијата, па за пиварите вообичаено е повторно да ја користат произведената енергија, како што е повторната употреба на топлината која што се создава при кувањето  и ладењето„ – наведува тој. 

Во светот пиварите се снаоѓаат на различни начини. На пример пиварата The Black Isle brewery од Обединетото Кралство, поседува земја на која самите одгледуваат органски јачмен. Black Isle Goldeneye е нивното органско пиво. Stroud Brewery основана е во 2006 година и има голем избор на органски пива. Најавуваат дека оваа година ќе се прошират, а имаат и бар во кој нивните пива може да се пробаат.

Во Хрватска првото органско пале але пиво доаѓа од Истра, и е направено од состојки без пестициди, хербициди и конзерванси. Компањола пивото се произведува според строги прописи и начела на еколошко производство, а кои се базираат на постапки кои не штетат на околината, оптимално ги користат природните ресурси и водата. Целата вода и слад кои остануваат,во пиварата подоцна се пренаменуваат, и користат за прехрана на животни, 

Во Србија првото органско пиво е Био Мио пивото, од киноа. кое што го произведува пиварата Кабинет. додека во Австрија Интерстар пекарата го произведува органското пиво Young & Urban направено од вишокот од лебот. Трговецот се поврзал со пиварата Gusswerk  од Салзбург, за производство на пијалоци кои користат органски леб и житарки кои останале како вишок.  Во Македонија неодамна на пазарот се појави новото пиво според стандарди за безглутенски и органски производ а тоа е Чешкото пиво Celia, светло и темно. 


Американската стандардизација за органски производ USDA, кажува дека за производот да го носи тој назив мора да е произведен според веќе признаени медоти. органското производство налага и одредени барања, кои што мора да бидат одобрени од УСДА но во нивниот закон постои и тн дупка која дозволува одгледување на хмељ третиран со пестициди. Без таквите правила постојат три класификации:

100% органско: Како што и самото има кажува, производот мора да користи 100% органски произведени состојки, со исклучок на додавањето на солите и водата.
Органско: кажува дека производот може да биде 95% од органски состојки, 
и направено со органски состојки: што значи дека производот треба да содржи не повеќе од 75% оргнаски состојки, тоа се однесува на хмељот и на сладот. 


што содржи гаранцијата за органски квалитет? (според европските регулативи)

пред лицето да започне да се занимава со органско производство на некоја суровина тие мора да аплицираат првин до органската инспекција која што ја организира министерството од дадената држава. Тоа се или приватни организации или организации кои државата ги организира, а се со цел воспоставување и одржување на стриктни стандарди на органското производство. Овој процес се спроведува и одржува од секоја земја членка на ЕУ. Тие заедно имаат и тело кое што се грижи за воспоставување на стандардтите во секој регион, како и грижа за одржување на истите. Како дел од процесот на сертификација е и едногодишната инспекција од страна на квалификуван инспектор кој ќе го проверува одржувањето на регулативите. Некои инспекции исто така може да бидат и ненајавени. Секоја фарма мора да помине најмалку две години за да го воспостави режимот на органското производство и тоа време се користи за прилагодување на земјиштето во органско. Доколку инспекцијата утврди дека некој фармер не ги исполнува регулативите за органско производство таа инспекција има право да побара тој вид на роба да не се продава под тој назив. односно како органска. Секако, продажбата на неоргански производи како органски лага и е казнива со закон. 

Секоја органско произведена храна е регулирана со закон во ЕУ од 2010 година и секој производ мора да содржи налепница која што ја содржи ознаката во форма на код AB-CDE-XX. AB означува код за држава, CDE -е код за јазикот на државата кој значи органско, и XX – е единствениот број кој што го идентификува сертификаторот. 


Во САД и делови од Европа постојат неколку компании кои се ориентирани кон органското производство на хмељ и слад како иновативни проекти. yakima chief  е една од оние големи корпорации кои се занимаваат со одгледување на органски хмељ. Одгледувањето според нив бара повеќе труд за контрола на плевелот и алтернативни средства за контрола на штетниците. Сертифицираниот органски хмељ се произведува според федералните стандарди, утврдени од претходно споменатата USDA, Националната Програма за Органско производствоNational Organic Program (NOP).  Yakima Chief Hops ги произведуваат Simcoe®, Citra®, Mosaic®, Pekko®, Jarrylo® и Azacca®.

Еве и еден водич за тоа како да одгледувате органски хмељ: линк

речиси сите компании кои се занимаваат со производство на слад во своето портфолио имаат и посебен дел за органскиот слад. Во 1990 година компанијата Briess од САД е првата сертифицирана за производство на органски слад. Белгиската компанија Castle Malting исто така произведува сертифицирани органски сладови за органските пива добиени брз основа на тековната законска европска регулатива.

како и да е ова е една голема тема за истражување. во Република Македонија постои закон за органско производство кој може да го погледнете на следниот линк: а повеќе за органското производство во Македонија може да прочитате од порталот Добра Земја