Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ШТО ЗНАЧИ ОЗНАКАТА „BOTTLE CONDITIONED“

Оваа метода не се користи често, но кога ќе најдете пиво на кое што е наведена оваа ознака, треба да водите грижа за тоа како го чувате.

Сигурно купвајќи некое увозно пиво сте ги приметиле зборовите „Bottle Conditioned“ означено на самото шише, но што значи тоа всушност? Во суштина, ова се пива кои, после флаширањето, продолжуваат со својата ферментација што значи дека овие пива се најдобри после нивното одлежување.

Пиварите ја користат оваа метода за пакување на пивото, со цел пивото да остане природно карбонизирано и квасците да продолжат да си ја извршуваат својата задача после флаширањето. Оваа метода не се користи често, но кога ќе најдете некое пиво на кои што е наведено дека е „Bottle Conditioned“, треба да водите сметка за тоа како го чувате.

Кога се користи оваа метода на флаширање?

„Bottle Conditioning“ е еден од природните начини на кои пивото може да се карбонизира. Квасците кои и понатаму се наоѓаат во пивото овозможуваат карбонизација на пивото, пиварот додава мала количина на шеќер непосредно пред флаширањето. Ова овозможува квасците да продолжат да живеат и да си ја извршат целосно својата улога.

Ова ја активира малата секундарна ферментација која произведува јаглерод диоксид и занемарлива количина на алкохол. Со оглед на тоа дека пивото е флаширано,CO2 нема каде да отиде и поради тоа се апсорбира во пивото, со што пивото станува карбонизирано.

Тоа значи дека овие пива се многу слични на виното. Како и виното, пивото продолжува да зрее и добива подлабок карактер. За разлика од виното, овој процес на пивото му дава убава и мека карбонизација.

Каако да ги чуваме овие пива

Ако не сте упатени, квасците се многу осетливи и морате да внимавате како ги чувате ваквите пива со цел да созреат. Еве некои совети за чување:

  • Секогаш чувајте ги вертикално исправени во фрижидерот, никако хоризонтално
  • Шишињата чувајте ги на ладно место кои немаат директен контакт со светлоста.
  • Оптимална температура за чување е околу 12 °C
  • Немојте да користете фрижидер за да ги чувате овие пива,
  • Никогаш не ги служете во чаша изладена во фрижидер, бидејќи со тоа целосно ќе ги изгуби своите природни ароми и вкусови.

Класични Bottle Conditioned Пива

Како традиција овој метод е развиен во Белгија, Англија и Германија.

  • Белгија произведува најмногу од сите пива според овој метод. Примери како Duvel, Ламбичките пива како Cantillon, Рodenbach, Lindemans, Liefmans. Timermans, Aко ја приметите кај некој од овие и ознака „oud gueze“ треба да знаете дека е тоа според традиционален метод произведено пиво.
  • Ако сте пак љубител на Германските пива, според оваа метода може да ги најдете во нивните heffeweizen пива како на пример Paulaner, Franziskaner, Schoffferhoffer. Терминот пак „naturtrub“ е добар патоказ дека сте на прав пат да оберете нешто екстра.
  • Пиварите во Англија долго време го корисат овој метод за нивните але пива. Fullers 1845 и Vintage Ale се вистинскиот избор.

Како да ги пиете овие пива?

Кога го ставате пивото во чаша, се препорачува да го оставите квасецот што се собира на дното во шишето, а не да го пиете. Некои Белгиски пива на пример се подобри со квасецот, но претежно, тоа ќе даде дополнителен вкус на пивото.