Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

СЕ УКИНУВА „ПРОХИБИЦИЈАТА“ НА МАКЕДОНСКИ НАЧИН, ПИВО МОЖЕ ДА СЕ ПРОДАВА И ПОСЛЕ 19 ЧАСОТ

 

24 ВЕСТИ: Пиво и вино ќе се продава на бензиските станици, законските измени се во финална фаза. Останува уште дилемата, дали на бензинските станици ќе има и жесток пијалок. Дополнително, со новите измени, нема да има временско ограничување за продажба на алкохол.

 

Ќе може да се продава во било кое време. По локалните избори Владата ќе ја укине забраната, со која сега алкохол може да се продава до 21 часоот во лето и до 19 часот во зима. Ваквиот валдин потег се правда со ставот дека забраната за продажба на алкохол не ги дала очекуваните резултати. А претходно и Стопанската комора на Македонија побара укинување на според нив ригорозните законски органичувања во трговијата со алкохол воведени пред десет години.

„Предлог законот ќе се разгледува најпрво на Економскиот совет, па потоа и на другите тела на Владата. Пред да се достави до Владата ќе биде и јавно објаен со цел да се добијат мислења од страна на сите засегнати страни. Се очекува истиот да се донесе до крајот на годината“, велат од Министерството за економија.

Задолжителните лиценци за продажба на алкохол остануваат. Останува и забраната за точење на алкохол на лица под 18 години. После локалните избори ќе се одлучува и дали пушењето ќе биде дозволено на терасите и летните бавчи и во зимски услови, кога ќе бидат затворени со најлони. Во ноември собраниската комисија за здравство ќе ја повика експерстската јавност да даде мислење дали треба да се тргне забраната за пушење на тераси. За законот што го предложија пратеници од СДСМ денес расправаа и министрите во Владата.