Skip to content Skip to footer

САКАМ ПИВО.МК И АРБО ТРАВЕЛ ВЕ ВОДАТ НА СОЛУНСКИОТ ПИВСКИ ФЕСТИВАЛ 2021

Во организација на Soulfood Thessaloniki и Hoppy Pub во Солун се враќа најголемиот пивски настан во Грција!

Почнувајќи од Четврток на 14. 10, Петок 15.10, Сабота 16.10 и Недела 17.10 Октомври просторот пред TIF Helexpo ќе се претвори во најголемата пивска градина во Грција.

Повторно се враќа најголемиот пивски фестивал во земјата, во 4 тото уште понапредно издание со врвни и квалитетни пива. После успешните три изданија од претходните години и принудната апстиненција поради Ковид 19 оваа година организаторите влегоа со голем апетит и и страст претварајќи го надоврешниот простор пред саемот во пивска градина за да може да уживате во најдобрите микропивари од земјата но и специјални селектирани етикети од други земји!

Сето тоа ќе биде збогатено со пригодна улична храна соодветна за ваков настан.

Порталот за промоција на пивото и ширење на пивската култура по втор пат во соработка со туристичката агенција АРБО ТРАВЕЛ ве водат на некој пивски настан. (претходната беше посетата на микропиварата на Кодинг Горска и дегустација на нивното Староградско пиво) затоа не ја пропуштајте можноста повторно да бидете со нас и заедно да се дружиме во овој прекрасен пивски викенд. # ТBF21 ќе се одржи во согласност со сите потребни услови наметнати од условите поради пандемијата.

Цената за превос со враќање назад која што вклучува и дневна влезница е 1000 ден.

дополнителни информации околу овој аранжман наскоро.