Skip to content Skip to footer

РЕПОРТАЖА: ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ПИЕЈА ПИВО НА „ТЕРА МАДРЕ САЛОНЕ ДЕЛ ГУСТО 2018“

На неодамна завршеното 12-то издание на најголемиот гастрономски самит во Европа „Тера Мадре Салоне дел густо 2018“ кој се случи во Торино, Италија, се повеќе внимание и простор имаше и на пивото и на неговите трендови. Во центарот на вниманието оваа година беа работилниците и дегустации посветени на производителите на ламбик, односно киселите пива, на пивата со спонтана ферметнација- односно одлежани пива, и на органските производители на пиво.


Најголемо внимание предивика сесијата организирана од страна на Данска, која донесе некои свои производители на дестилирани и ферментирани пијалоци. Хмељот не се одгледувал во Данска повеќе од 100 години. Органската фарма на Per Kølster и Camilla Plum започна еден проект заедно со два универзитета со цел да растат див хмељ, а потоа да го користат за прозводство на пиво. Тие исто така одледуваат и сопствен јачмен и пченица, сорти кои беа избрани од страна на Нордиската банка на семиња. На нивната фарма исто така има пиварница, каде што јачменовото зрно и пченица во форма на слад се мешаат со водата, и со тоа ја формираат сладовината односно кашата, а потоа ферментацијата продолжува во садовите за ферментација. Аромата на нивното пиво доаѓа најчесто од нивниот слад и житарките. Вкусот на ова домашно пиво е многу полно и моќно. На фармата исто така одгледуваат и стотици сорти на јаболка, круша, цреши, сливи. а исто така и зеленчук.

Од Нордиските земји исто така би го издвоил и пивото произведено со нивниот специјален квасец Квеик

Исто така уште еден интересен производител на органски пива е Клаудио Дањоло од тосканската пиварница Ла стецијаија чие интервју ќе го читате наскоро.

За да некое пиво се декларира како органско треба да исполнува неколу услови и нивоа: пред се: да има 100% органски состојки, без хемикалии и пестициди, органско: производот да содржи најмалку 95% органски произведени состојки, изразот “Made with” оrganic> помалку од 70% од состојките да бидат со сертификат за органско производство, (со исклучок на солта и водата) 

SLOW BEER BRASIL – Е алијанса помеѓу пиварници, здруженија, дегустатори, и пивски ентузијасти. формирани со цел промоција на пивото и пивската клутура со цел користење на добри, чисти и правични состојки, и идеално кои се локално селектирани. Исто така ги промовираат и поддржуваат директните активности помеѓу пиварите производителите конзументите и исто така ја почитуваат и локалната гастрономска традиција, размена на искуства и знаења преку курсевите „Арка на вкусови“

од лева страна Rudi Ghequire од Rodenbach Brewery, од десна страна Ханс Хасо Питер од Quality Beer Academy

Quality Beer Academy и нивниот театар на Пивото “Teatro della birra”

Од нашиот пивски агол посебен впечаток остави просторот на Quality Beer Academy каде што се одржуваа по пет сесии дневно на разни работилници и дегустации со нивната разновидна селекција која допира до различни култури, стилови и пиварски традиции, на едно совршено висико ниво на презентација и промоција на нивните пивски брендови. Меѓу нивните редовни гости се главните пиварски мајстори од пиварниците BraufactuM, Brouwerij Boon, Firestone Walker, Kloster Scheyern, Rodenbach.кои ги пренесоа и раскажаа своите искуства и новите серии на пива. Quality Beer Academy е проект кој во основа вклучува увоз и дистрибуција на селектирани пивски брендови од комерцијални пива од групацијата Радебергер, до специјални лимитирани серии на крафт пива од Белгија, Германија, Шпанија, САД и преку ширење на културата на конзумирање преку разни едукативни тематски работилници ги прават и тие најнеобичните пивски стилови кои тешко може да ги прифати обичниот пивољубител достапни и прифатливи речиси за секого. Соработката со Слоу Фуд е неизбежна и се јавија како сериозен партнер. Посебно внимание и за прв пат имаше работилници во кои се спаруваше одреден тип на пиво со соодветна храна како на пример со школки, неколку видови на италјански чоколада, пармезан сирење и слично. А од поинтересните би ги издвоил тематскире работилници насловени „ROCK & ROLL IS VINTAGE: BARREL AGING, AMERICAN STYLE“ каде што на мое големо изненадување се зборуваше за одлежувањето на пивото во дабови буриња од една до две години во кои претходно одлежувало вино или некое виски со минимална улога на хмељот и големо влијание на сладот, пива со полн вкус и висок процент на алкохол Со тоа пивото се повеќе се доближува до вкусот на виното. „CRAFT BEER & REINHEITSGEBOT“ на оваа сесија главниот пиварски мајстор Marc Rauschmann од BraufactuM  ни раскажа за неговата пасија и страст во креирањето на неговите пива при што ги дегустиравме пивата : Colonia, Soleya, Indra, Roog. Rudi Ghequire главниот пиварски мајстор од семејната белгиска пиварница Rodenbach зборуваше за процесот на мешана и спонтана ферментација на нивните уникатни и традиционални пива и целта на нивното долго одлежување.  Rodenbach Classic, Rodenbach Vintage, Rodenbach Caracter Rouge  беа на листата за дегустација.

Надвор од рамките на саемот Лингото, во центарот на градот во близина на Кралската палата, се случуваа исто така работнилници и сесии од затворен тип за членови на Слоу Фуд кои имаа ретка прилика да пробаат и непосредно се вклучат во дискусијата на разните секојдневни тематски работилници. овде интересни и големо внимание предизвикаа дебатите „BEER IN THE USA: TASTINGS OF CRAFT BEER FROM ACROSS THE OCEAN“ кои беа исполнети до последното место, а се зборуваше за новите трендови во нивното експериментирање и креативност. Приказната ја раскажа Лоренцо Дабове Куаска, а се дегустираа неколку уникатни пивски стилови од релативно нови пиварници: JESTER KING произведено со гуезе ламбик метода на отворена ферментација, со инфузија на сајдер, elderberry одлежано во дабови буриња со многу зачини и дива цреша. FORAGING FOR BEER беше дебата во која се дискутираше за употреба на пиво без хмељ, со други зачини и дивиот хмељ кој го има во природата и при тоа гости на оваа дебата беа Andrea Pieroni, ректор на Универзитетот за гастрономски науки и познат етноботаничар, Тео Мусо од италјанската крафт пиварница БАладин и од Америка гостин беше Scratch Brewing Company која што е пиварница и фарма лоцирана во Илиноис, и е прогласена за една од топ 4те најпознати пиварници на одлежани пива.

Лоренцо Дабове и Тео Мусо (Баладин)

За квалитетот и репутацијата на италјанските занаетчиски пива сме зборувале и пишувале многупати до сега, а тоа се докажа и на овој настан каде што учествуваа голем број на локални пивари кои пленеа со својата свежина на вкус, естетика на дизајн и креативност во рецептот.

 

десно- Chiara Baù главната брумастерка од Microbirrificio JEB која што од текстилен сектор се оринтира во сопствена пиварница почнувајќи секако како хоумбривер. произведува воглавно светли пива во разни варијации од белгиски стил на пченично пиво, блонд але, белгиско сезонско пиво со локални зачини, але со мед, пикантното пепер але, американското голден але, и американска ИПА. Работи од 2008 година во околината на Пиедмонт и ги дистрибуираат во сопствен паб.

До следната година, и со некое наше македонско занетчиско пиво