Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПРОМОЦИЈА НА ПИВА ОД УНГАРСКАТА КРАФТ ПИВАРА „MONYO“ ВО СКОПЈЕ

СКОПЈЕ: Woodstock Beer Bar продолжува со серијата на изненадувања. Овој пат за прв пат ќе имаме прилика да се запознаеме со Унгарската сцена. Крафт пиварата Monyo ќе ги презентира своите пива во Петок на 5 јули од 18 часот.

MONYO Brewing Co е основана во 2014 година во близина на Будимпешта и се сметаат за пионери на крафт движењето во Унгарија и е една од најбрзо растечките пивари во Унгарија. Во 205 година го добија насловот Brewery of the year’ а после тоа и други интернационални награди. Произведуваат традиционални пива но и пива од новиот бран. Главен бренд им е пивото Flying Rabbit IPA кое што хмељот од типот Цитра му дава освежителен карактер и тропски вкус. има  6.5%.


Dead Rabbit – Double IPA 9.5% Класично пиво од Западната Обала со допоплнително суво хмељење. West Coast DryHopped Imperial IPA (9.5%) со голема количина на Citra, Amarillo и Centennial. Black Mamba – Vanilla Milk Stout 7.1% произведено со Madagascar Bourbon Vanilla  Bipolar Bear – White IPA 6.1% микс на традиционална Американска ИПА и зачинетотто Белгиско вит пиво. а тоа значи со коријандер и хмељот од типот Галакси. Sour Rise – Maracuja Sour Ale 5.4% е моментално многу тренд во светот на занаетчиските пива, се работи за кисело пиво кое што содржи пире од тропски овошја, а за киселоста се погрижи додавањето на Лактобактеријата, Pediococcus Правено е со ржан слад, Funky Fritz – Kölsch Style Ale 4.6% Колш е исто така стил на пиво кој досега не бил презентиран кај нас. тајната е во типичниот квасец од една клетка. Слатко жолто пиво со минимална доза на хмељ типично и омилено во Германија но сега и во кругот на крафт пиварите. Schatzi – Hefeweizen 6.1%е Баварски тип на пченично пиво, и American Beauty – American Pale Ale 5.6% е традиционално американско пале але пиво 

Пивата ќе бидат по промотивна цена од 110 мкд денари

Исто така во програмате за прв пат ќе има и пивски коктели по промотивна цена од 150 денари 

1. Woodstock
2. Spike Michelada
3. Espresso Stout
4. Campari IPA
5. Raspberry Beer Mojito
6. 60 Minute Man
7. Slowpoke Rodriguez
8. The Eclipse
9. Tropical
10. Black Velvet