Опис
ПРОФИЛ НА ПИВО
Стил на пиво: Трапист Triple
Производител: Brouwerij Abdij der Trappisten Westmalle
Процент на алкохол: 9,5%
Земја на потекло: Белгија
Волумен 330 мл
Од своето основање во 1794 година, Вестмале не беше Трапист опатија, се до 1836 година. Таа година, новото монашко братство одлучи да се вклучи во варење на светли и темни слатки пива. Работата во пиварата започна во 1834 година, а заврши во 1836 година. Првото пиво го реализираа на 10 Декември 1836 година. Денес манастирот е дом на 22 монаси и во него работат околу 40 секуларни работници. Пивото го прават со јачменов слад, Белгиски карамелизиран шеќер, и хмељ од сопствено производство. Покрај пиво, во манастирот исто така се произведува млеко и сирење. Westmalle Tripel (9.5%) е комплексно избалансирано силно светло пиво. Има чиста златно жолта боја со овошни естери, и суптилна нота на хмељови, цврста кремаста пена. Елеганција и полн вкус, карактеристична горчина и комплексен карактер поради долготрајноста во неговиот процес на производство. Оригинално пиво од самиот почеток. Се смета за „мајка“ на сите пива од овој стил и е светска референца за стил на пиво кој што е инспирација за многубројни други пивари. Ова силно блонд пиво содржи три пати поголема концентрација на состојки.