Опис
Тешко е да се каже дека е обилно, но е со полно тело и исклучително ароматично, што е очекувано за овој стил на пиво.
MITZI Session IPA е светлo, малку матнo пиво, млечно-лимонска боја која нè разгалува со нежните вкусови на сладот, ароми на тропско овошје, слатки цитруси и кајсии, а во позадина се чувствува малку пикантност од пиперка и смрека. Мирисите се доста слични, повторно се издвојува тропското овошје кое убаво е надополнето со аромите на зрели портокали и мандарини. Горчината е умерена и пријатна, а ниското ниво на алкохол (4,5%) гарантира дека можеме да испиеме барем уште едно.
- Стил: Session IPA
- Држава: Словенија
- Производител: Tektonik
- Боја: svetlo
- Амбалажа: стакло
- Алкохол: 4,5%
- Волумен: 0,50l