Опис
Лежак е најпродаваниот стил на пиво на глобално ниво. Иако е (неоправдано) запоставен во крафтсцената, веројатно поради
репутацијата на индустриски производ, се зацврсти во портфолијата на крафт пиварите во последните неколку години.
Во класичните примери, аромата е нежна, телото е меко. Деликатниот вкус на слад, ароматизиран со благи цветни ароми на хмељ, предизвикува задоволство кај оној што пие.
Горчината може да биде умерена. Потребно е многу искуство, време и трпение за да се свари вакво пиво.
Созрева неколку месеци на температури под нулата за да се исчисти. Дури тогаш деликатните ароми се чувствуваат и ги радуваат
нашите сетила.
Вода, јачмен слад (Pilsen, Melanoidin), хмељ
(Saaz), квасец. Пастеризирано, нефилтрирано светло пиво.
Алк. 5,2% Vol.