Опис
Производител: Brasserie de Silly
Земја на потекло: Белгија
Процент на алкохол: 5,5%
Волумен: 330 мл
Состојки: вода, јачменов слад, хмељ, квасец
Многу освежително кисело пиво полно со кисели вкусови од овошните плодови од Белгија. Овој класичен кисел еил датира од 1850 година од самото основање на пиварата. Доаѓа од областа Валонија, Белгија, ова уникатно пиво е бленд со 87% одлежано пиво и 13% младо пиво. Резултатот е сложено пиво со овошна и пријатна кисела арома, многу интензивни и освежителни чувства. Со боја на лешник, малку матна боја и стабилна пена е идеално за летните денови. Ммогу освежителен вкус на почетокот, со што доминираат нотите над сладот над свежото овошје, во кое ќе препознаете ноти на кисело зелено јаболко, а во финишот се чувствуваат лесните ноти на разни билки и пријатна горчина од хмељот. Се служи на температура од 4-9 ° C и се служи во мали чаши во форма на лале. Ова освежително пиво е погодно и како аперитив и извонредно ви ја гаси жедта, а одлично оди со Азиските јадења или зачинетата Мексиканска кујна.
Критики
Нема критики сеуште.