Опис
Традиционален стил и начин на производство на пиво кое што се произведува во регионот Хаинаут во Белгија, откако Сезонските пива се произведуваа за работниците на полињата, а овој регион беше доста богат во тој поглед. Сезонските пива се произведуваа во зимските месеци, кога обемот на работа на полињата беше намален, а пивото се конзумираше во летните месеци за време на бербата. Профилот на вкус на пивото е лесен со слаба кисела нота. Додадени се поголеми количества на хмељ, бидејќи ова пиво требаше да се конзумира девет месеци откако ќе се свари. Киселата нота ќе се откриие во вкусот на пивото поради оксидацијата од деветмесечното стареење во порозни дрвени буриња, додека ниската содржина на алкохол на овие пива ги прави да се лесни за пиење. Ова е едно од првите пива кои што се произведувале во пиварницата уште од 1850 г.
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Волумен:330 мл
ABV: 5% vol. alc.
Стил на пиво: Сезонско але пиво
Земја на потекло: Белгија
Производител:Brasserie de Silly
Се служи на температура од 4 ° C до 9 ° C
Препорачано со димено месо, пилешко.
Brasserie de Silly денес е во рацете на шестата генерација на семејството Van der Haegen од 1850 г. Пиварата е препознатлива како една од подобрите Белгиски пиварници и располага со еден поширок спектар на разновидни пива.Секое пиво се произведува на традиционален начин, користејќи свој уникатен квасец, (тајна која што е позната само на пиварата), вода од сопствен извор, хмељ и слад. До крајот на 20тиот век произведуваа само три пива, а од 1950 г почна постојано да се зголемува нивната палета на производи кои се презентирани на овој веб портал.
Критики
Нема критики сеуште.