Skip to content Skip to footer

Rochefort Trappist “8”

270 ден

TRAPPIST / 330 ml / 9,2% alc / BELGIUM

In stock

Опис

Првите податоци за производството во опатијата Rochefort датираат од 1595. Околу пиварницата која што се наоѓа во рамките на манастирот Abbaye Notre-Dame de Saint-Rémy сеуште постои голема мистерија. Оваа древна Опатија е основана на почетокот на 13-тиот век, односно 1230 година како Цистеријански женски Манастир, кој подоцна го напуштиле и бил населен со монаси. Првото пиво овде почнало да се произведува во 1595, иако модерните сорти почнале да се подготвуваат во 19 – тиот век по нејзиното обновување. Во слободна продажба се појавува од 1952, додека до тогаш го пиеле само за свои потреби. Денес може да се купат три верзии на ова пиво: Rochefort 6 (темна боја изразен карамелизиран вкус, со црвено капаче, се произведува еднаш во годината и има 7,5% алкохол. Тоа е и најстарото Трапист пиво од манастирот, кое што повремено се произведувало и во текот на Втората Светска војна. За јавноста беше реализирано во 1953 година), Rochefort 8 (посилно и поинтензивно пиво со зелено капаче, содржи 9,2% алкохол и датира од 1955 година. Се произведува за да стаса само за Новогодишните прослави и се смета за специјално пиво) и Rochefort 10  (најсилното, кремасто со плаво капаче, содржи 11,3% алкохол), а бројките го означуваат стариот белгиски степен на густина. Денес во манастирот живеат 20 монаси и 5 работници во пиварата. Водата која ја користат за пивото се наоѓа во внатрешните простории на манастирот и ја црпат од манастирските ѕидови. Денешниот капацитет е околу 40000 хектолитри. Исто така произведуваат и висококвалитетно сирење.

ПРОФИЛ НА ПИВО

ABV: 9.2% – OG: 1.080 – IBU: 22
Состојки: Вода, јачменов слад, карамелизиран шеќер, хмељ, коријаднер, квасец.

Нутриционистички карактеристики: Калории: 260; Сода 15 mg (1% DV); Јаглехидрати 14 g (5% DV); Шеќери 1 g; Протеини 1 g (2% DV).

Награди

97 points and a “Top 25 Beer of 2018” – Wine Enthusiast Magazine, November 2018
Ratebeer.com: 100 points (July 2018)
Winner Belgian Beer Journal blind tasting of “quads”, October 2016
“Top 100 Beers in the World,” Ratebeer.com (February 2015)
Wine Enthusiast Magazine “Top 25 Beers of 2013”
97 points – First Place: Wine Enthusiast Magazine, March 2013
“Best Beer in the World,” – Men’s Journal Magazine, October 2010.
“1001 Beers You Must Taste Before You Die,” selection, A. Tierney-Jones, 2010
Gold Medal – World Beer Championships 2004, 2006