Опис
KAРАКТЕРИСТИКИ
Стил на пиво: Трапист, темно пиво филтрирано
Волумен: 330 мл
Алкохол: 7,5 %
Земја на потекло: Белгија
Производител: Abbaye Notre-Dame de Saint-Remy website (in French & Dutch)
Добитник на златна медала на World Beer Championships 2006
Состојки: Вода, јачменов слад, карамелизиран шеќер, хмељ, коријандер, квасец.
Нутриционистички податоци: Калории: 230; Сода 10 mg (0% DV); Јаглехидрати 11 g (4% DV); Шеќеро 0 g; Протеин 1 g (2% DV).
Препораки за конзумирање: со крем супи и богати обилни јадења и тврди сирења.
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ: Уникатното пиво “Rochefort 6” се произведува директно во манастирот во Белгискиот регион Валонија, основан во согласност со старата традиција на Трапистичките монаси. Пивото има богата кафена боја, малку зачини на леб и слад и богато и полно тело, избалансиран вкус, со ноти на карамела и овошје. Бидејќи производството на пиво не е комерцијално, ова пиво е достапно во многу ограничени количини и е многу ценето пиво. Пивото е едно од најретките кои се произведуваат во пиварата во рамките на манастирот бидејќи се произведува еднаш годишно, и сочинува само 1% од вкупното производство. Во сите критики ги добива највисоките оценки и е едно од оние пива кои се декларира како „мора да го пробате“.
Rochefort Trappist 6 е именувано според неговата оригинална гравитација измерена во „Белгиските степени“ скала која што денес повеќе не се користи. За прв пат во јавноста се појави во 1953 г
Првите податоци за производството во опатијата Rochefort датираат од 1595. Околу пиварницата која што се наоѓа во рамките на манастирот Abbaye Notre-Dame de Saint-Rémy сеуште постои голема мистерија. Оваа древна Опатија е основана на почетокот на 13-тиот век, односно 1230 година како Цистеријански женски Манастир, кој подоцна го напуштиле и бил населен со монаси. Првото пиво овде почнало да се произведува во 1595, иако модерните сорти почнале да се подготвуваат во 19 – тиот век по нејзиното обновување. Во слободна продажба се појавува од 1952, додека до тогаш го пиеле само за свои потреби. Денес може да се купат три верзии на ова пиво. Денес во манастирот живеат 20 монаси и 5 работници во пиварата. Водата која ја користат за пивото се наоѓа во внатрешните простории на манастирот и ја црпат од манастирските ѕидови. Денешниот капацитет е околу 40000 хектолитри. Исто така произведуваат и висококвалитетно сирење.
Trappist – е гранка на Цистеријанскиот монашки поредок на Бенедиктанските монаси кој е појави во 1664 година. Денес има 175 трапистички манастири но само денес веќе 11 имаат право да произведуваат пиво и да го ставаат називот на нивните еткитети . Претходно беа 7 од кои во Белгија и еден во Холандија. Денес оваа бројка се прошири и во Италија, Англија, Австрија, Франција и САД.
За да пивото го носи овој назив мора да исполнуваат одредени правила. Пивото да се произведува од самите монаси или да е под нивна контрола, целта на пиварницата не е да оствари профит а средствата се користат за одржување на манастирот, за доброволни цели и за социјална работа.
Опатијата Нотр Дам де Сент Реми се наоѓа на половина пат помеѓу Брисел и Луксембург, во малото гратче Рошфор. Овој град е географски центар на мала природна област Фамен. Опатија постои осум века. Манастирот има фабрика за сирење, винарија, која произведува ликери и пиварница, која работи од 1595 година. Клучните материјали што се користат во производството на пиво се чиста вода од сопствен извор, јачменов слад, шеќер, хмељ и квасец. Извор Тридаин има подземни води лоцирани во непосредна близина на опатијата. Водата е природна и чиста и не е изложена на никакви хемиски, физички или други третмани. Што се однесува до квасецот, тој е уникатен вид што се чува и внимателно се чува во опатијата многу години. Пиварницата произведува три вида пиво Трапист што вешто ги комбинира традицијата и едновековно искуство, строгост и висока технологија.