Skip to content Skip to footer

LEFFE BRUNE

150 ден

BRUNE / 330 ml/ 6.5% alc / BELGIUM

In stock

Опис

КАРАКТЕРИСТИКИ
Пиво: темно, филтрирано
Стил на пиво: Ale, Belgian / French Ales, Belgian Dark Ale
Земја на потекло: Белгија
Производител: Anheuser-Busch InBev
Бренд: Leffe
Алкохол: 6,5%
Волумен: 330 мл
ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ
Автентично манастирско пиво, со длабока темно кафеава боја, и вкус на печен слад. Секоја голтка од ова пиво е исклучителна. Во Валонскиот град Динант во 1240 г во оваа област постоеше опатијата Лефе, која што беше многу позната меѓу локалното население. Еден ден главните во Манастирот заедно со Монасите разговарале за загаденоста на водата која што ширела епидемии и зарази и како да го решат тој проблем. Монасите дојдоа до идеја да ја прочистат водата преку процесот кој што го познаваа многу добро – да ја претворат во пиво. Набргу потоа, локалните селани можеа да уживаат во темното пиво во изобилство, а и сите локални патници кои престојуваа во Манастирот беа пречекувани со темното пиво на Лефе. Совршено пиво за вечерните часови, идеално со закуски како аперитив или сирење.

Рестартирањето на производството на пиво започна во средината на 20-тиот век, во 1952 година. Подоцна правото на производство на пиво под брендот Leffe го превзема Белгиската пиварница Interbrew која што во 2004 се спои со AmBev која што ја формираа холдинг компанијата InBev кој во 2008 година се спои со “Anheuser-Busch“ и се формира Anheuser-Busch InBev. Во областа постои и музеј на брендот Leffe.