Skip to content Skip to footer

КАРТА ЗА ЗИМСКИ ПИВСКИ САЛОН БР 6

250 ден

Почитувани љубители на пивото. Традиционално крајот на годината го одбележуваме со уште еден пивски салон во организација на порталот за промоција на пиво и ширење на пивска култура сакампиво.мк. Трет по ред во Декември а 6ти пивски салон посветен на македонските занаетчиски пивари и домашните пивари од хоби, дел од увозните пивски брендови, дестилерии, увозници на опрема.

Out of stock

Category: Product ID: 9842

Опис

„Зборот „крафт“ во уметничкиот свет традиционално се користи за да се опишат еден вид на уметнички дела, а во пиварството се користи за да се создаде пиво со креативни рецепти и уметнички пристап до неговото финално создавање. Во неколку истражувања откривме дека многу уметници се инспирирани од самите материјали, но и од односот кон овие две навидум различни сцени, да не кажам индустрии.
Овие уметници ја превземаат пивската уметност на едно повисоко ниво. Тие го користат не само пивото за да насликаат со него одредено дело, туку и парчиња од лименките, етикетите, тапите, па и самите шишиња за да ги направат своите креации кои се движат од реални до апстрактни, и секој од нив си остава свој белег. Исто како и сцената на занаетчиското пиво, таа не само што е локална, туку е и глобална.
Сакам пиво.мк на пивските салони се обидува токму и тоа да го направи тој креативен спој на уметноста како занает и уметноста да се направи добро занаетчиско пиво, да ги инспирира локалните уметници да направат креации од пивските „остатоци“ и тие да се презентираат на некој од пивските салони, од дизајн на етикетата на пивото со давање на чиста слобода во нивната креативност, до создавање на одредени креативни парчиња од самите пивски шишиња, тапи, лименки и сл. Вие имате вкус, ние имаме пиво”.
За ова издание ќе мора да се прирджуваме до сите протоколи и препораки од Министерството за Здравство а тоа се:
1. Настанот ќе се одржи во согласност со Covid-19 протоколот на Министерството за здравство.
2. Задолжително е да поседувате сертификат за двојна вакцинација, ПСР тест не постар од 72 часа или сертификат за прележан ковид во изминатите 30 дена.
3. Бројот на посетители внатре во објектот е ограничен со ковид протоколите па затоа се извинуваме за евентуално задржување кое може да се создаде пред самиот влез.
4. Задолжително носење маска.
5. Влезот не е дозволен влез на лица кои се веќе во алкохолизирана состојба a доколку се затекнат такви веднаш ќе бидат отстранети од нашето обезбедување
6. Малолетниците се добродојдени исклучиво во присуство на родител а точење на пиво на малолетници не е дозволено но затоа може да има безалкохолно пиво и вода