Skip to content Skip to footer

FULLER’S LONDON PRIDE 500

200 ден

ENGLISH ALE / 500 ml /4.7% alc / ENGLAND

пиво кое што ги обединува Британците

In stock

Categories: , , Product ID: 8157

Опис

London Pride е иконско пиво кое што ја обединува целата нација. Се произведува од локални сорти на хмељ, Target за горчина, Northdown, Challenger и Goldings за арома, но душата на пивото е несомнено во неговиот слад. Crystal malts во комбинација со британските сорти на сладот Pale Ale од производителот Simpsons кои што му даваат неповторлива длабочина на пивото и избалансирана рамнотежа. Премиум але пиво со ноти на суво грозје, бисквити, и суво овошје кои доаѓаат од сладот додека хербалните ароми доаѓаат од хмељот. Богато и елегангно пиво со чист финиш и избалансирана горчина. Со текот на годините пивото се стекнува со бројни награди од кои најценета е наградата од КАМРА за Шампионско пиво од категоријата Битер але во 1979 и  1985. London Pride е официјално пиво на Лондонскиот маратон и парадата на гордоста. Ценетиот Британски автор на бројни книги на оваа тематика Roger Protz има дадено оценка како неверојатно сложено и комплексно але пиво со оглед на неговата јачина н аалкохол, додека поранешиот директор на CAMRA Stephen Cox и писател го опиша како сензација на ангели кои што танцуваат на вашето непце.Се препорачува со печено пилешко месо

Тип на пиво: Ale
Волумен 500 мл
Процент на алкохол: 4,7%
Производител: Fuller’s
Се препорачува да се конзумира со печено пилешко месо