Skip to content Skip to footer

FULLER’S LONDON PORTER

200 ден

PORTER / 500 ml/ 5,4% alc / ENGLAND

Богато, темно и кремасто портер пиво

In stock

Categories: , Product ID: 8164

Опис

Не само што е иконско але пиво од главниот град на Англија, туку London Porter е и пиво кое што ги обединува Британците.Портер пиво кое што се грижи за традицијата. Една модерна верзија на пивото од 19тиот век, Како една од последните семејни пиварници во Англија. чувствуваат должност да се грижат и да ја чуваат традицијата на градот кога станува збор за темното портер пиво. Во Лондон портер пивото својот бум го доживеа пред неколку векови, за да како стил згасне во 1900 година. Фулерс повторно го вратија на мапата, но овој пат збогатено со вкус и темно како ноќта со убава стабилна кремаста пена. Добитник е на бројни награди во целиот свет и се смета за едно од најдобрите репрезенти на стилот.  Сомелиерите го препорачуваат со бифтек или пита со месо, во нашиот случај бурек со месо 🙂

Волумен: 500 ml
Процент на алкохол: 5,4%
Тип на пиво: Porter