Skip to content Skip to footer

FRANZISKANER HEFFE-WEISSBIER

129 ден

HEFFE-WEISSBIER / 500 ML/ 5 % GERMANY

In stock

Опис

Franziskaner Hefe-Weissbier Naturtrüb е природно и елегантно пченично пиво по потекло од Баварија, со густа бела пена со костенлива златно жолта боја, изобилство на ароми од кои доминираат бананата и цитрусот.  Пенливоста се должи на високата содржина на јаглерод диоксид. Има благ финиш и суптилни зачини. Одлично е за пауза во текот на работата, или освежување после напорниоот и работен ден, дома или во некој бар. Совршено е за со месо на скара и други слични јадења со месо или риба.

ПРОФИЛ НА ПИВО
Производител: Anheuser-Busch InBev,
Волумен: 500 мл
Процент на алкохол: 5% vol.
ИСТОРИЈА НА ПИВОТО

Корените на пиварата не враќаат назад во 1363 година каде што за прв пат се споменува името “Bräustatt bey den Franziskanern” во близина на Резиденц во Минхен. Истото име се наоѓа и во манастирот Францискан, чии што монаси прв пат почнале да го прозиведуваат ова врвно пченично пиво. Во текот на годините постојано се менува сопственоста на пиварницата која што се наоѓаше во склоп на манастирот за да во 1922 се спои со Spaten-Franziskaner-Leistbräu AG Во 1964 г за прв пат почна да се произведува пченично пиво Spaten Champagne wheat beer.а во 1974 г го менува името во Franziskaner Hefe-Weissbier. Сеуште се произведува согласно Баварскиот закон за чистота на пивото и важи за еден од најголемите пивски брендови во Германија кога станува збор за пченичните пива. Во 2005 г се спојува со гигантот AbInbev со што ја продолжува палетата на нови и ексклузивно производи. Со безалкохолното пиво добива златна медала на светскиот пивски шампионат во 2015