Skip to content Skip to footer

PINK KILLER

120 ден

FRUIT BEER / 250 ml / 5% alc / BELGIUM

уникатно специјално Белгиско але пиво,

Нема на залиха

SKU: 134582 Категории , , Ознаки: , , Product ID: 390

Опис

Јачмен, пченица, хмељ, дополнето со сок од грејфрут, зачинето со коријандер и кора од портокал, се состојките на ова уникатно специјално Белгиско але пиво, со сладок вкус, избалансирано со пријатна горчина од хмељот, и овошјето кое што ви ја гаси жедта во истиот момент. Се пие ладно за дополнително освежување и уживање за време на забавите, како аперитив или во комбинација со овошни десерти. Се произведува од 2004 година, за добредојде на мајсторот пивар на 6-тата генерација, Бартранд Ван дер Хаген во пиварата. Розевата боја е бојата на сокот од грејфрут. Името Killer на пивото има и друга приказна!. За време на Втората Светска Војна, пиварницата доби жестоко куче чувар, кое што го нарекоа Килер. Стоејќи на влезот од пиварата, кучето секогаш го предупредувало пиварот Хозе ван ден Хаген, дедото на Бертранд кога некој доаѓал во пиварницата. Тоа било многу корисно во тоа време, бидејќи германските војници многу шетаа низ селото, а пиварот си работеше во својата пиварница без да знаат Германците за тоа. Хозе тврдеше дека лаежот на кучето му го спасил животот неколку пати. Срцето на синџирот околу врат ја симболизира љубовта на целото семејство кон кучињата.

Категорија : Овошно пиво

Боја: матно розева боја
Процент на алкохол: 5% vol. alc.
Препораки: Се служи на температура од 4 ° C до 7 ° C
Состојки: Вода, Слад, Пченица, Сок од грејфрут, Квасец, Коријандер, Кори од портокал, хмељ

Критики

Нема критики сеуште.

Бидете први кои ќе разгледате “PINK KILLER”