Опис
Тип на пиво: пченично светло
Процент на алкохол: 5,3%
Земја на потекло: Германија
Ердингер е пченично светло непастеризирано матно и нефилтрирано пиво, со полн овошен вкус и пријатен мирис. Освен јачмен ова пиво содржи и 50 % пченичен слад, Се добива со традиционална ферментација во шише и метод кој што е сличен на производство на шампањ. Не содржи конзерванси и адитиви и е полнето според Баварскиот закон за чистота на пивото. Името го има добиено по градот каде што се произведува Ердинг, во близина на Минхен, Специфичноста во производството на ова пиво е во квасецот кој што го произведува самата пивара, како и двојната ферментација на овој квасец.