Опис
„Scotch de Silly“ прв пат е создадено на крајот од Првата Светска Војна, кога режимот на Шкотските војници беше стациониран во Сили, ранетите војници сакаа пиво од типот на скоч, токму онакво какво што го пијат во нивната Шкотска. Во пиварата на почеток не знаеа како да го направат тоа пиво. Исто така и во поглед на суровините слад и хмељ, тешко можеа да се најдат во 1918 година. Сепак, командантот на полкот успеа да порача серија од хмељот Кент и еден шкотски војник помогна во да се произведе овој Белгиски Скоч Але. По војната Шкотланѓанецот се ожени за Белгијанка, и се смести во Сили, работејќи во пиварницата со години. До денешен ден се користи истиот рецепт. И денес е едно од најдобрите Scotch Ale Пива во светот. Откако во Втората Светска Војна се уништи плантажата за хмељ во Белгија, Британската армија дозволи пристап до нивниот хмељ во Кент, во Англија и пивото се произведува ексклузивно со хмељ од сортата Кент. Скоч де Сили е исклучително пиво со прекрасна бакарно црвена боја и чиста кремаста пена. Дава комплексни ароми на рибизли, шекерни плодови и свежа малина. Додека го пиете имате чувство како да пиете ликер, откривајќи ноти на мед и карамела, сливи и димен слад.
Scotch-type high fermentation beer.
Color: Dark brown beer
Density: 8% vol. alc.
Softness: 6/10
Bitterness: 4/10
Suggestions: Serve between 6 ° C and 9 ° C
Ingredients: Water, Malt, Yeast, Kent hops, Hallertau hops.
Критики
Нема критики сеуште.