Опис
Во Белгиската опатија Нотр-Дам де Скормонт, монашкото братство започна со производство на пиво во 1862 година, започнувајќи ја традицијата за тоа што го направи CHIMAY денес да биде еден од најпознатите Трапист пива во светот. Манастирската вода од сопствен бунар служи како основа за правење на трите нивни пива: темното и овошно и првото од нивниот ранг е „Chimay Rouge“ 7% (со црвено капаче, силното и со лесно печен слад и најценетото е „Chimay Bleue“ 9% (или со плавото капаче), и моќниот и силен златно жолт „Chimay Tripel“ 8% (со жолто капаче). Ги има исто така и во амбалажи од 750 мл под други имиња. Повеќето од суровините потребни за пивото ги одгледуваат самите монаси, а по завршување на варењето, остатокот од сладовината го даваат на кравите од кои произведуваат млеко кое што го користат за четирите видови на сирења, вклучувајќи го и она кое што има кора од пиво.
ПРОФИЛ НА ПИВО:
Стил: Tripel
процент на алкохол: 8°
Земја на потекло: Белгија
златно жолта боја со фина кремаста пена, избалансираност помеѓу овошни ароми и горчината од хмељот и ноти од квасецот.