Опис
Blue Moon e глобален пивски бренд на компанијата Molson Coors. Се смета за едно од првите и препознатливи пива од САД. Потекнува од Денвер од 1995 г од мала пивара кога сопственикот Кеит Вил со стекнатото искуство од Белгиската школа на пиварството одлучил да направи пиво по углед на најдобрите пченични пива.
Матно пченично пиво со специфичен вкус, на момент доста остро и завршува со пикантен свеж коријандер и портокал. Некаде и го служат со портокал, така што парчето од портокалот се става на работ од чашата и совршено се спарува со морски плодови и пилешко.
Стил на пиво: Белгиско пченично / Belgian white ale
Алкохол: 5,4 %
IBU 9
Температура на служење: 4-6°C
Општ впечаток: солидно пиво
линк до пиварата