Опис
Пиво со бела и убава стабилна и долготрајна пена. Пивото Rock’n’Roll има темно жолта боја со хомогенизирана матност. На носот доминираат зачини како пикантна пиперка, и фина избалансираност на житарките кои даваат хармонија во вкусот и свежината на самото пиво. Во устата, како и во модерната музика, житарките ја пеат своите слатки ноти, додека ансамблот составен од пиперки, зачини и хмељ го поткрепуваат во хорскиоt контрапункт.
Волумен: 330 мл
Состојки: Вода, јачменов слад, хмељ, зачини во соодветна пропорција, шеќер, квасец
Процент на алкохол: 7,5%
Екстракт: 16,8
Боја (EBC)
Горчина (IBU) 42-44
Се служи на температура од 8-10 ° C
Се спарува со храна како месо на скара, филети, лесна пржена храна, и сирења. Во Италјанскиот водич I Formaggi d’Italia пивата на Баладин се рецензирани со 91 вид на сирење. Пивото Rock’n’Roll се препорачува и со Пекорино.
ИСТОРИЈАТА НА ПИВОТО Rock’n’Roll
Кога ќе се спомене самиот израз Рокенрол, веднаш асоцира на музичките настани како Woodstock, the Isle of White Festival, и една плејада на артисти и групи како Stones, Elvis, Patty Smith, The Who, U2, Clash. Така во 2012 година по повод стотиот број на италјанското издание на музичкиот магазин Rolling Stone креативната екипа ан Баладин го создаде ова пиво, посветено на овој настан и цела плејада на музичари од светот на Рокенролот.
Силно, доста свежо и зачинето пиво и доста ценето пиво меѓу ентузијастите и професионалните дегустатори.