Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 10:00 до 18:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0
-12%

BALADIN ROCK’N’ROLL 750

600 ден

AMERICAN PALE ALE / 750 ml / 7.5 % alc / ITALY

“Како во модерна музичка комедија, житарките ги пеат своите зачинести ноти.”

Нема на залиха

Категории , Product ID: 3404

Опис

Пиво со бела и убава стабилна и долготрајна пена. Пивото Rock’n’Roll има темно жолта боја со хомогенизирана матност. На носот доминираат зачини како пикантна пиперка, и фина избалансираност на житарките кои даваат хармонија во вкусот и свежината на самото пиво. Во устата, како и во модерната музика, житарките ја пеат своите слатки ноти, додека ансамблот составен од пиперки, зачини и хмељ го поткрепуваат во хорскиоt контрапункт.

Волумен: 750 мл
Состојки: Вода, јачменов слад, хмељ, зачини во соодветна пропорција, шеќер, квасец
Процент на алкохол: 7,5%
Екстракт: 16,8
Боја (EBC)
Горчина (IBU) 42-44
Се служи на температура од 8-10 ° C
Се спарува со храна како месо на скара, филети, лесна пржена храна, и сирења. Во Италјанскиот водич I Formaggi d’Italia  пивата на Баладин се рецензирани со 91 вид на сирење. Пивото Rock’n’Roll се препорачува и со Пекорино.

ИСТОРИЈАТА НА ПИВОТО Rock’n’Roll

Кога ќе се спомене самиот израз Рокенрол, веднаш асоцира на музичките настани како Woodstock, the Isle of White Festival, и една плејада на артисти и групи како Stones,  Elvis, Patty Smith, The Who, U2, Clash. Така во 2012 година по повод стотиот број на италјанското издание на музичкиот магазин  Rolling Stone креативната екипа ан Баладин го создаде ова пиво, посветено на овој настан и цела плејада на музичари од светот на Рокенролот.

Силно, доста свежо и зачинето пиво и доста ценето пиво меѓу ентузијастите и професионалните дегустатори.