Skip to content Skip to footer

BALADIN NORA 750

520 ден

SPICE BEER / 750 ml / 6.8 % / ITALY

„Мириси и емоции кои ќе ве натераат да сонувате за Африка“

Нема на залиха

Опис

NORA е навистина оригинално пиво кое што има длабока златно жолта боја, со килибарни рефлексии, малку матно и фина и стабилна пена. Комплексни ароми кои се мешаат во едно пријатно буке од кои доминираат овошните и смолестите ноти како и ноти на темјан, и секогаш знае да ве изненади при првиот контакт со носот. Во устата ги чувствувате житарките и доминираат ноти на кајсија, лешник и мед. Експлозијата на вкусови завршува со свежината на ѓумбирот и светлите нијанси на цитрусот, а во самиот финиш ноти на слад и зачини.

СОСТОЈКИ: вода, јачменов слад, пченичен слад, ориентална сорта на пченица Khorasan Kamut ® која што потекнува од Авганистан и Иран, хмељ, мешавина на зачини, кори од цитрус, шеќер и квасец.

Волумен: 750/330 мл
Алкохол: 6,8%
Екстракт: 16.8
Боја: 16-18
Горчина: 10-12
Се служи на температура од 10-12 ° C
Се препорачува да се комбинира со : немасна зготвена риба, бело месо, кус кус, азиски јадења, стари сирења и суви десерти.

ИСТОРИЈА НА ПИВОТО

По посветувањето на имиња на пиво на првите две деца на Тео Мусо, време беше да посвети и еден омаж на нивната мајка. Тоа беше и мотивот за создавањето на ова пиво. кое што го носи нејзиното име, и инспирирано од Африканската култура, со оглед на тоа дека нејзиното потекло е од тие краишта.