Опис
Интензивна жолта боја, деликатана матност стабилна и долготрајна пена, Неговите деликатни ароми се пример за рамнотежа помеѓу овошните, хербалните и аромите од житарките, даваат добра основа да уживате со сите сетила во ова пиво. Во моментот на првата голтка откривате мало гастрономско ремек дело со ароми на камилица и цитрус, во хармонија со Италијанскиот хмељ, собиран и култивиран директно од пиварата Баладин, Чисто пиво кое со сигурнос ќе го задоволи вкусот и на онне најпребирливите.
100% ИТАЛИЈАНСКО ЗАНАЕТЧИСКО ПИВО
Пиварата Баладин е целосно посветена на поддршка на италјанскиот земјоделски сектор за снабдувањ,така настана и пивото Nazionale.
- водата е од Италјанските Алпи
- Јачменот е од сопствени плантажи од Јужна Италија од регионот Пуглиа
- хмељот е од сопствени плантажи од самата пивара во Пиоцо и Буска
- зачините се од централниот и јужниот регион на Италија
- Квасецот е одгледуван во самата пивара во Пиоцо.
СОСТАВ: Вода, јачменов слад од сопствени плантажи, Италјански хмељ, мешавина на зачини кори од цитрус, шеќер и квасец
КАРАКТЕРИСТИКИ:
Волумен: 750мл
Процент на алкохол: 6,5%
Екстракт: 13,6
Боја: 10-12
Горчина: 30-32
Се служи на температура од 8-10 ° C
Се препорачува со хамбургер, пица, октопод со компири и равиоли, средни и стари сирења, Пиво кое нуди илјада можности
ИСТОРИЈАТА НА ПИВОТО NAZIONALE
Nazionale се создаде во Септември 2011 година како прво Италијанско пиво кое што користи 100 % локални суровини. од јачмен одгледуван на сопствени плантажи во Јужна Италија, хмељ посаден во 2008 и селектиран квасец во самата пивара. Важна пресвртница во целиот сектор и проект кој што имаше за цел да се воспостават блиски односи со добавувачи од целиот регион, за да има гаранција за производите кои се секогаш на ниво како што се и самите пива на Баладин.