Skip to content Skip to footer

BALADIN NAZIONALE 750

519 ден

BLOND ALE / 750 ml / 6.5 % / ITALY

Првото 100 % Италијанско пиво со локални суровини

In stock

Опис

Интензивна жолта боја, деликатана матност стабилна и долготрајна пена, Неговите деликатни ароми се пример за рамнотежа помеѓу овошните, хербалните и аромите од житарките, даваат добра основа да уживате со сите сетила во ова пиво. Во моментот на првата голтка откривате мало гастрономско ремек дело со ароми на камилица и цитрус, во хармонија со Италијанскиот хмељ, собиран и култивиран директно од пиварата Баладин, Чисто пиво кое со сигурнос ќе го задоволи вкусот и на онне најпребирливите.

100% ИТАЛИЈАНСКО ЗАНАЕТЧИСКО ПИВО

Пиварата Баладин е целосно посветена на поддршка на италјанскиот земјоделски сектор за снабдувањ,така настана и пивото Nazionale.

  • водата е од Италјанските Алпи
  • Јачменот е од сопствени плантажи од Јужна Италија од регионот  Пуглиа
  • хмељот е од сопствени плантажи од самата пивара во Пиоцо и Буска
  • зачините се од централниот и јужниот регион на Италија
  • Квасецот е одгледуван во самата пивара во Пиоцо.

СОСТАВ: Вода, јачменов слад од сопствени плантажи, Италјански хмељ, мешавина на зачини кори од цитрус, шеќер и квасец

КАРАКТЕРИСТИКИ:

Волумен: 750мл
Процент на алкохол: 6,5%
Екстракт: 13,6
Боја: 10-12
Горчина: 30-32
Се служи на температура од 8-10 ° C

Се препорачува со хамбургер, пица, октопод со компири и равиоли, средни и стари сирења, Пиво кое нуди илјада можности

ИСТОРИЈАТА НА ПИВОТО NAZIONALE

Nazionale се создаде во Септември 2011 година како прво Италијанско пиво кое што користи 100 % локални суровини. од јачмен одгледуван на сопствени плантажи во Јужна Италија, хмељ посаден во 2008 и селектиран квасец во самата пивара. Важна пресвртница во целиот сектор и проект кој што имаше за цел да се воспостават блиски односи со добавувачи од целиот регион, за да има гаранција за производите кои се секогаш на ниво како што се и самите пива на Баладин.