Skip to content Skip to footer

BALADIN L’IPPA

250 ден

INDIA PALE ALE (IPA)  / 330 ml / 5.5 % / ITALY

„Хармонија на хмељовите во 100% Италијанското ИПА пиво кое што во устата ви создава чувство на свежина и задоволство“

Нема на залиха

Категории , Product ID: 3310

Опис

Пиво кое што има светла килибарна боја со убава кремаста и стабилна пена. На носот доминираат ароми на цитрус и мандарина во комбинација со ноти на диња и манго. Во устата се чувствува интерпретацијата на класичната Англиска ИПА. Видот на квасецот е селектиран во самата пиварница, и му ја дава токму таа карактеристична нота на сите Баладин пива. Изненадувачки лесно пиво за пиење избалансирана горчина и хармонија од искористениот хмељ.

СОСТОЈКИ: Вода, јачменов слад од сопствени плантажи, Италијански хмељ и квасец.

Волумен: 330 мл
Алкохол: 5.5%
Боја: (EBC) 23-25
Горчина (IBU)> 31-33
Се служи на температура од 8-10 ° C
Спарување со храна: одличен придружник за едноставни јадења како на пример месо на скара, хамбургери, или било која street food храна

ИСТОРИЈА НА ПИВОТО

Инспирацијата е да се создаде ИПА стил на пиво со 100 % Италијански суровини. Ова пиво е дел од проектот Dalla Terra alla Birra кој што е создаден за промовирање на Италијанскиот синџир за снабдување на сите потребни локални суровини. За тој проект култивирани се четири сорти на хмељ: Cascade, Chinook, Comet и Magnum. кои го даваат букето на ова пиво, Во историјатот на пивата на Баладин, до сега тие никогаш немаат направено ваков стил на пиво, затоа тоа го сторија денес без да ги бараат крајностите и да биде од локални суровини.