Опис
Пивото Leön ни нуди убава компактна и стабилна пена, со боја на лешник, и на прв впечаток ароми на овошје готвени на рерна на дрва, следуваат нијансите на ароми од кафе, кое што доволно ќе ве загрее додека го почувствувате вкусот на кафето во самиот завршеток од првата голтка. На непцето ја чувствувате содржината на алкохолот, со ноти на вишна кои се усогласени со аромите од житарките кои нежно ви ја галат устата која ве повикува на уште една голтка да го почувстувате вкусот на кафето со чоколадо. Во основа е слатко пиво со полно тело, ароми на какао и кафе, комплексно но и многу пријатно за пиење.
Состојки: Вода, јачменов слад, хмељ, шеќер и квасец.
Волумен: 330 мл
Процент на алкохол: 8,5%
Екстракт: 19
Боја 50-55
Горчина: 20-24
Се служи на температура од 10-12 ° C
Се препорачува со вкусно месо, чорби, густи супи со мешунки и зеленчук, сини сирења, чоколади и суви десерти.
ИСТОРИЈАТА НА ПИВОТО
За време на новогодишните и Божиќни празници во 1998 година Маестро Тео одлучи да го создаде ова Божиќно пиво кое што повторно е инспирирано од Белгиската традиција, каде што во тој период од годината се појавуваат пивата Nöel кои се темни, силни и со полно тело, совршено за тие празнични денови. Со текот на времето самиот стил си добива и други додавки како Nöel Chocolat, Nöel Cafè и слично, ризикувајќи да ги збуни потрошувачите. и тука е пресвртницата. Тео оди во потрага по ново решение и прави инверзија на името Nöel во Leön. и секоја година се појавува во нови верзии.