Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

БЕЛГИЈА- ПИВОТО, КУЛТУРА И НАЧИН НА ЖИВОТ

Да зборуваш за Белгија а да не помислиш на пиво, или пак да зборуваш за пиво, а да не помислиш на Белгија (ова секако се однесува само на оние вистинските познавачи на пивото). Но кога е во прашање пиварството во Европа, Германците и Чесите секако дека оставиле свој значителен белег во пиварската наука, а истиот најверојатно бил резултат на германската наклонетост кон работата и прецизноста, и чешкиот ладен и резервиран пристап кон проблемите.

Од друга страна Белгија пак во целата оваа приказна била како некој ексцентричен уметник, кој сака се да биде по негово. И секако, не би било тоа така доколку и самиот народ не го сметаат пивото, како пијалок за социјализација и интеракција меѓу луѓето – туку едноставно кажано, култура и начин на живот. Класичен пример за опседнатоста на Белгијанците со пивото е нивниот начин на и посветеност на презентација на пивото, односно амбалажата во која го подготвуваат и неверојатните сликовити и интересни етикети на пивските шишиња со ексцентрични, а понекогаш и провокативни имиња кои ги даваат на своите пива. И секако, целиот спектар на чаши со разни форми, материјали, гравури и волумен.

Секој пивски бренд има своја чаша, бидејќи секоја пиварница ја дизајнира чашата во согласност со пивото кое го прозиведува, неговите ароматични карактеристики, алкохолната јачина, боја итн. Според официјалните статистики, Белгијанците и не се некој пивопијци, но треба да се земе во предвид дека постои значителна разлика помеѓу пивата во Германија и во Чешка. Имено, германците и чесите пијат примарно лесни, питки лагер пива, од литарски кригли кои често не преминуваат 4 % алкохол, додека во Белгија се пијат далеку посилни и полни пива, и пивата со повисок процент од 8% ги сервираат во помали чаши. Би можело да се каже дека кон белгиските пива најпаметно е да се пристапи како кон виното, бидејќи содржат далеку покомплексни вкусови и мирисни елементи. Покомплицирани се и понекогаш чудни на првата голтка, на оние кои не се навикнати на овој вкус, можеби и се одбивни, но…за вкусовите нели не се дискутира.

Пивото во Белгија стигнало по ист пат како и во остатокот од Северна Европа, А како резултат на остатоците од Римското Царство, кои го откриле за време на нивните освојувања во Северна Африка. После падот на Римското Царство, Црквата ја превзема контролата над земјата, а членовите на Црквата почнале да се интересираат за производството на пиво. Наскоро, црковни пивари никнуваат во сите опатии во тој регион, и монасите сфатиле дека пивото има високо нутриционистичко дејство и дека со вриењето, всушност се дезинфицира и е побезбедно за пиење од водата, која во тоа време била доста загадена и причинител за појава на разни болести. Во период на постот, на монасите пивото им било од голема корист бидејќи смееле да конзумираат течности и затоа го сметале како „течна храна“.

Врската помеѓу црквата и пивото во Белгија е силна и до денешен ден, а доказ за тоа се тн Манастирски и Трапист пива кои го преживеале Средниот век и ренесансата во Европа. Денес се сметаат за апсолутен врв во пивската понуда, а пиењето на овие пива е знак за престиж и хедонизам. Трапистите всушност представуваат католички ред кој го следи правилото на Св Бенедикт, а кој пропишува строго аскетски живот и помеѓу останатото ги обврзува „да живеат од работата на своите раце“. Настанал во еден манастир во Нормандија Ла Трапе, по кој и го добил името. Во последните 300 години имало најмалку 9 трапистички манастири во Франција, осум на територијата на Бенелукс, и еден во Германија, Австрија, во 20 тиот век дошло до голема популарност на трапистичките пива во светот, што довело до ситуација многу секуларни пиварници во Белгија и пиварници кои речиси и да немаат никаква врска со трапиститена етикетите на своите пива го ставаат називот Ла Трапе за да ја зголемат продажбата. Тоа било неприфатливо, па дури и резултирало со неколку судски процеси , за да на крај осум од преостанатите се здружат и ја формираат Интернационалната Трапистичка организација чие име е заштитено со логото на La Trappe, и спречена неговата злоупотреба од страна на комерцијалните компании.

Денес во Белгија постојат шест трапистички манастири кои произведуваат пиво: Orval, Chimay,  Westvleteren, Rochefort, Westmalle, Achel, во Холандија споменатиот La Trappe, и во Германија манастирот Mariawald. Веќе во XXI век во оваа организација влегоа и уште 4 нови манастири кои добија можност да произведуваат пиво под името Трапист и тоа во Австрија од 2012 пивото Stift Engelszell, во САД во 2013 во Масачусетс манастирот St. Joseph’s Abbey со пивото Spencer, Холандија пиварницата и манастирот Brouwerij Abdij Maria Toevlucht, и во Италија од 2014 Tre Fontane Abbey.

За квалитетот на трапистичкото пиво сведочи и изјавата на еден од монасите од манастирот Aachel, кој рекол дека не работат апослутно ништо на продажба или на маркетинг за своето пиво, пивото е толку добро да не се потребни никакви огласи, телевизиски реклами, и слични маркетинг активности. Побарувачката секогаш е поголема од понудата на трапист пивата, но тие воопшто не ги следат барањата на потрошувачите бидејќи тие не се комерцијална организација, туку во согласност со правилата од својот ред, произведуваат онолку колку пиво и сирење колку што е доволно и потребно да се преживее, а остатокот од средствата е наменет за хуманитарни мисии и доброволни акции. За посебноста на белгиските пива тешко е да се пишува во кратки црти и без влегување во описот на технолошкиот процес за да се стекне детален увид во комплексноста на овој производ. Накратко белгијанците користат невообичаени техники во произдводството, невообичаени состојки, имаат развиено посебни пивски стилови. Една од главните карактеристики на сите трапистички пива и повеќето белгиски пива е одлежувањето т.е. ферментацијата во шише. Имено денес сите големи комерцијални пиварници, после ферментацијата го филтрираат своето пиво. Со филтрацијата се отстрануваат сите протеини , но и комплетниот квасец од пивото, и газирањето се врши со помош на во флашите, што е нетрадиционална метода. Па така кога во супермаркет ќе видите озната дека е „refermented in the bottle“ се многу поскапи но и поквалитетни. Причината е токму во квасецот во кој се кријат сите медицински придобивки потребнио за организмот, трапистите останале верни на оваа своја стара техника, така да ферментацијата на нивните пива продолжува во самата амбалажа, што создава природен CO2 произведен во тој процес, и со тоа го газира пивото. Белгиските пиварници за разлика од останатите користат шекер во своите пива, за да ја зголемат специфичната густина на сладовината, а со тоа и количината на алкохол во пивото. Освен шекер додаваат и разни зачини, а еден од најпопуларните е коријандерот и кори од портокал, кој може да го најдете во белгискиот оригинален Witbier, односно белгиското пченично пиво. Трета состојка која на белгиското пиво му го дава специфичниот карактер е белгискиот квасец. Квасецот (Saccharomyces Cerevisiae), во природата може да се најде во разни варијации кои автохтоно се населени во Белгија. Посебните сорти на квасец се изолирани во лабаратории кои ги има речиси во секоја пиварница или манастир.

Како најексцентричен пивски стил во Белгија на сите времиња е Ламбикот тоа пиво се произведува со спонтана ферментација а тоа значи дека сладовината од која настанува пивото се остава во отворени буриња со што спонтано би се населиле дивите колонии на квасец и микроорганизмите, кои се насекаде околу нас. Ферментацијата и стабилизацијата на Ламбик пивата трае три години за разлика од повеќето останати пива, кои низ овој процес минуваат за максимално неколку месеци. Долгото време, одлежувањето и созревањето, како и специфичната техника на производство географската ограниченост на производство , ламбикот го прават прилично скап производ. Поради тоа производителите за да го направат Ламбикот попристапен и прифатлив, се определеиле за други верзии па така тригодишно одлежано пиво почнале да го мешаат со едногодишното одлежано пиво и таквото пиво го нарекувале gueze, останатите варијации се нарекуваат Mars Faro,Kriek;и овошен ламбик. Со еден збор се работи за кисели пива без карактер на хмељот и мнгоу специфичен вкус и мирис. Освен ламбикот, белгијанците создале и други пивски стилови кои во однос на другите земји имаат посебни карактеристики. Или некоја иновација. Имено пивски стил не треба да се меша со пивски бренд,бидејќи постојат многу брендови кои проиузведуваат пиво во рамките на ист стил. Па така во специфичните белгиски стилови би ги споменал и Saison; кое го нарекуваат и Farmhouse Ale, суво пиво соизразени овошни ароми, како резултат на ферментацијат аи ароматичните хмељови, од силните белгиски пива ги издвојуваме dubbel, tripel и quadrupel чиј имиња означуваат количина на слад која е користена во неговото производство. На пример дубелот има двојно повеќе слад и алкохол 7-8 %, трипелто тројно повеќе слад и може да содржи алкохол до 9,5%, и квадрупелот е до 10%. Терминот Abbey beer (манастирско пиво) во принцип значи дека по легален пат и оние пиварници кои не се дел од црквата произведуваат пиво кои се на некој друг начин поврзани со црквата поради традицијата од регипонот од каде што доаѓа,