Skip to content Skip to footer

ПРЕМИУМ ПИВО – ОЗНАКА ЗА КВАЛИТЕТ ИЛИ МАРКЕТИНШКИ ТРИК

Во свеста на просечниот пивољубител изразот „Premium Lager Beer” најчесто означува пиво со врвен квалитет. Но, дали е баш така?

Влијателниот автор др Јан Кишгец во неговата книга „“Светот на пивото и пивото во светот“ воопшто не го споменува како посебен стил. Хрватскиот автор Владимир Мариќ во неговата книга „Пиво-течна храна’ во премиум пиво ги сместува оние пива кои добиле некоја медала на саемите или натпреварувањата. Познатиот Американкски сајт Rate Beer се потрудил да даде и дефиниција на овој тн пивски стил и според него тоа е пиво кое е помеѓу Pale Lager и Pilsner , без додатоци, со нешто помека карбонизација, отколку на пример, стандардниот пилснер и ниво на алкохол од 4,5 до 5,5%. На ИБУ скалата, меѓународната скала за мерење на горчина, ова пиво би требало да има некаде помеѓу 20 единици. Еден друг авторитет BCJP (Beer Judge Certification Program) во своето издание за 2015 година, го споменува Czech Premium Lager кој на ИБУ скалата има некаде околу 30-45 единици. и при тоа е Pale Lager а не некој преоден обилк. Bavaria на пример произведува безалкохолно пиво, кое секако има ознака дека е премиум.

 

Е па за што всушност станува збор? Во светот на пивото, каде што и покрај неговата разновидност, знаат точните мерки и дефиниции. и се појавува фантомот кој не може да се фати и со тоа тешко може да се одредат неговите карактеристики. Едноставно кажано Premium е ознака за пиво со која производителот сака нешто посебно да промовира. Ако баш сакаме да ги упростиме работите, тоа е чист маркетиншки трик. Често се во сјајно привлечно пакување, понекогаш и со златна фолија на врвот, премиум пивата во свеста на просечниот пивски конзумент позиционирале како нешто специјално, кон што во некоја продавница за пиво или хипермаркет раката сама ви оди кон него. А за да се открие што всушност стои зад ова бомбастично име, направете си еден експеримент на вас. Ако во некој ланец на ефтини маркети пронајдете лименка која чини поефтино и од нашето Скопско (а богами во последно време ги има такви) ќе добиете некое пиво со сомнителен квалитет и потекло.

јапонската пиварница Kirin Ichiban во своето годишно истражување утврдила дека едно од три испиени пива оди на премиум. Она што е можеби клучно во ова истражување е дека испитаниците во голем број одговориле дека при изборот на пиво најважно им е Brand Heritage а дури на второ место е квалитетот на состојките. Според тоа, големите, кои со години ја градат својата приказна, само им преостанува убаво да го спакуваат своето пиво, му стават една звучна титула PREMIUM, и благодарение на тоа одредат некоја повисока цена, и уживаат во плодовите на својата работа. или попрецизно кажано маркетингот. А со оглед на тоа дека не е доволно, се појавуваат и некои нови ознаки Sub Premium, Super Premium, Лондонските пабови имаат право Супер Премиум пивата да ги наплаќаат поскапо, но тоа мора да задоволува пет услови: автентичност, вкус, приказна за брендот, искуство и визуелен идентитет. Суштината е во тоа да една од четирите потрошени фунти во лондонските пабови оди на Супер Премиум пивата.

Постои и друг момент а тоа е социјалната слика. Помладата публика која нема доволно пари за целовечерен престој во некој паб, купува пива во некој локален маркет, и се посветува на она што Англичаните го нарекуваат pre loading или загревање. Кога конечно ќе стигнат во пабот, за преостанатите пари ќе може да испијат нешто што го нема во маркетите, и што им звучи како екстра квалитетен пијалок.

Секако сите Премиум пива и не значи дека се лоши. поентата е во самиот назив кој во суштина ништо не гарантира. До квалитетот не се доаѓа со ставање на една ваква ознака. Па како тогаш човек да се снајде во еден ваков лавиринт на пива.

Во некои од скопските супермаркети последниве неколку години може да се најдат многу ефтини лименки пива со сомнителен и просечен квалитет и непознато потекло кои се и поефтини од нашите брендови.