Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВСКИ ТУРИЗАМ: ЗЕМЈИ СО НАЈСИЛЕН КУЛТ КОН ПИВОТО

„Сакам Пиво.мк“ ви претставува неколку Европски земји со најсилен култ кон пивото, иако со развојот на крафт пивската сцена оваа класификација веќе излезе од мода, така да и балканските земји може слободно да се носат со оваа категоризација. Во секој случај ова се сеуште некој од најважните точки од „европскиот туризам“.

ГЕРМАНИЈА – ЧИСТО ПИВО

И лаиците знаат дека во Германија се точи добро пиво. Просечно, секој Германец пие по 116 литри пиво. 

Сигурно ви е познато дека и ден денес во оваа земја пивото се произведува и почитува според законот за чистота од 1516 г кој е донесен во Баварија. Овој закон за чистота на пивото зборува дека пивото може да се произведува само од 4 состојки; вода,јачмен квасец и хмељ. Ова е воедно најстариот акт на светот кој се однесува на припремање на намирниците 

Иако пивото во Германија се смета за прехрамбен производ, вистински ритуал е со пивото да се конзумираат колбаси. Германија е рај за туристите кои сакаат силна храна и чисто пиво. Најголемито фестивал на пивото Октоберфест во Минхен, одамна е веќе меѓу најзначајните гастрономски случувања.  

БЕЛГИЈА – ДОБАР ДОМАЌИН НА ПИВОЉУБИТЕЛИТЕ

Оваа земја секако е на врвот на оваа листа бидејќи во нејзе се произведуваат преку 900 видови на пивото. Пивниците во стариот центар на Брисел ќе ви понудат преку 200 видови на пиво од кои најдобрите се произведуваат во околината на Брисел и Антверпен. Најпродавано Белгиско пиво во светот е лагер пивото Стела Артоа, од најголемата пиварница ИнБев. Традицијата на правење на пиво во оваа земја потеклнува уште од средниот век кога речиси секој град имал своја пиварница. интересно е дека производството на пиво се одвивало и во манастирите. Поради многуте пиварници се родија и многу пивски фестивали и создаде силен култ кон пивото. со што пивото дефинитивно станува заштитен знак на белгискиот туризам. Белгијанците се двоумат што подобро ги претставува. пивото или чоколадото.


ИРСКА-МЕСТО КАДЕ ШТО ПИВОТО Е НА ЦЕНА

Ниту едно Ирско пиво не е толку ценето како што е случајот со Гинис – Guiness. Синоним за добро пиво во сите делови од земјата е ова темно, густо пиво со кремаста пена. Оваа пиварница на почетокот на 20тиот век била најголема на светот, но Гинисот секако не е без конкуренција, тука во чекор го следи пивото Марфи Murphys. 

Излетот во Даблин е незамислив без прошетката по пабовите.  Меѓу 800 пабови од кои најзначајно историско место е Temple bar 6 милиони туристи кои годишно ја посетуваат Ирска од кои повеќето на ум имаат дека ова е земја во која што со сигурност може да се напијат добро пиво но и добро виски а за жените тука е познатиот Бејлис. 

Ирска воедно е и земја со многу легенди самите велат дека на опивањето ги принудуваат џуџињата. Ако од Ирска си заминете со пијани спомени во куферот ставете си и сувенир маица со натпис„ Џуџето ме натера да се опијам“


АНГЛИЈА – ТАТКОВИНАТА НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА ПИВО

Ваква листа без Англија не би имала смисла. Овде според некои извори производството почнало уште 54 г пне производство со најголема традиција. Сепак интересно е дека во Англија се пијат увозни пива. Канадскиот Карлинг е на првото место.а потоа австралискиот лагер Фостерс. трето е белгиската Стела Артоа, и данскиот Карлсберг Англичаните пивото го пијат топло, со што би ја засилиле неговата арома. 


ХОЛАНДИЈА – ЛАЛИЊАТА И ПИВОТО

Не се сомневаме дека Амстердам има со што да ги привлече туристите. но во листата на симболи во оваа земја се наоѓаат зелените шишиња на Хајнекен. Во последните 25 години во Холандија никнуваат пиварници, и се натпреваруваат рамо до рамо со светски познатите пиварници. “Start the future!” пиво од холандско производство е едно од најсилните на светот.