Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВСКИ СТИЛОВИ: „ИПА“

Во круговите на љубителите на крафт пивата позната е приказната по која стилот на пиво India Pale Ale настанал со дополнително додавање на хмељ, со тоа што дезинфекциското дејство на хмељот би помогнал пивото да го „преживее“ патот од Англија до Индиските колонии. Но вистинската историја на овој прекрасен дополнително зачинет стил на пиво со хмељ е малку покомплицирана. 

Тешко може да замислиме како изгледало пивото во 18тиот век, кога овој стил всушност бил создаден. До создавањето на светлиот лагер не делеле уште стотина години(можеме како пример да ја земеме 1843 година моментот кога настанал овој стил во Плзен. Чешка) Во Англија пивото со векови се произведувал во крчми, по имотите и манастирите-се правело таму каде што и се пиело. Дури во 18тиот век почнало производството за дистрибуција во поголеми и подобро организирани мануфактури и фабрики. Стиловите на пиво тогаш не биле јасно дефинирани, (иако со сигурност се знае дека тогаш постоел портерот) но доминирале темните пива или килибарните пива, сите со долно вриење, со или без хмељ.  Сладот во тоа време се правел на јаглен па сите пива во тоа време имале вкус на димени пива, и биле помалку или повеќе темни и морале со месеци па и години да одлежуваат за да бидат питки.

 

Индустриската револуција го донела откривањето на коксот кој го заменил јагленот како гориво во сладарите и дури тогаш го овозможил создавањето на вистинскиот светол слад. Со светлиот слад во Лондон настанал и новиот стил на пиво – pale ale. Бидејќи ваквото пиво ја немало тешката арома на димениот и препржен слад, пиварите со своите рецепти повеќе се насочиле кон горчината и аромата на хмељот, Некаде во овој период почнала и тн dry hopping (суво хмељење) метода на додавање на хмељ во готовото пиво кое ја дава карактеристичната силна арома.

Сите видови на англиски пива биле релативно усшено транспортирани во колониите. ( и тоа во огромни количини, благодарение на прифатливиот монопол кој го имала тогашната матица-едноставно не дозволувале во колониите да се произведува ниту еден сличен производ).Освежителниот и полесен pale ale варен само со светол слад, со пријатна горчина благодарение на хмељовите од Кент и убавиот изглед поради филтрирањето низ ткаенина, станал многу популарен меѓу масата на функционери и војници во Индија.

 

Ексклузивен договор за извоз на pale ale со East India Company имал извесен Hodgson  од Лондон. Во почетокот на 19-тиот век, извесниот господин Hodgson  почнал да прави малверзации и извезува неквалитетно, матно и често расипано пиво. па во игра веднаш влегле пиварите од местото Burton-upon-Trent, чија вода наводно била одлична за производство на pale ale. некои од овие имиња и денес постојат во Англиската индустрија на пиво, на пример Bass или Worthington. Пиварите од Бартон правеле големи количини на захмељено светло пиво за извоз во Индија, а го продавале и на англискиот пазар каде станало познато по квалитетот. Повеќе како маркетинг трик, се што произведувале во Англија го продавале под името „India pale ale“ бидејќи пивопијците тоа време го идентификувале зборот Индија со квалитетно pale ale _пиво.од тука доаѓа и името на овој пивски стил

India pale ale во Англија бил една од омилените видови на пиво се до доаѓањето на лагерот. Првата светска војна и недостатокот на житарки, ја уништиле англиската индустрија на пиво, која од тоа време со децении била жигосувана како производител на водести и безвкусни пива, додека ИПА бил подзаборавен.

Да го премотаме филмот сега малку напред во модерно време, те во Америка во 60-тите и 70-тите години. на пазарот доминираат американските светли лагери без боја, мирис и вкус: Bud, Coors, Miller, Pabst или Rolling Rock. Сите останати видови на пиво се помалку или повеѓе подзаборавени исто така. На сцена настапуваат двајца Американци со германско потекло познати како пионери на крафт пиварството во Америка: Фриц Мајтаг, студент од богато семејство кој ја купил пропаднатата пиварница Anchor  во Сан Франциско, и решил да го обновува производството. Првото пиво кое тогаш го направил бил стариот хибриден лагер стил од Сан Франциско, steam beer. Подоцна, бидејќи се интересирал за старите англиски рецепти, почнал во 1975 г да прави ИПА слична на рецептите од Бартон, но Мајтаг на овој Liberty Ale му го додал денес незаменливиот зачин т.е американскиот хмељ тогаш нова експериментална сорта која се нарекува Cascada, Liberty Ale, светол и жолт, едноствен, умерено горчлив, и со ароми на цитрус и цвет се смета за првиот америкаски ИПА стил.

 Anchor  И Sierra Nevada станаа пример за целата генерација на занаетчиски пива во САД, кои го отфрлија неквалитетниот индустриски лагер и насочиле кон производство и промоција на интересни, стари  и нови стилови на пиво.

Дваесет години подозна Кент Гросман, исто така од Калифорнија, ја отвара пиварницата Siera Nevada, . Тој исто така ги проучувал англиските ејлови, па за Божик 1981, направил богато и вкусно ИПА пиво, прилично комплексно од сите досегашни. Црвенкаста боја благодарение на карамелизираниот кристален слад, горчлив и полн и богат со овошни ароми, и со dry hoping со Cascada-та, Sierra Nevada Celebration Ale   е пиво по кое и натаму се одликувал американскиот ИПА стил.

Anchor и Siera Nevada биле причина за цела генерација на занаетчискки производители во САД , кои го отфрлиле неквалитетниот индустриски лагер и насочиле кон производство и промоција на интересни до тогаш невообичаени, стари и нови стилови на пиво. На многумина најинтересен од нив им бил американскиот ИПА кој набргу се проширил по цела Америка, а најмногу по Калифорнија, која и денес представува централно место за љубителите не ИПА стиловите, со пиварниците како што се Stone, Lagunitas, Russian River или Green Flash, чиј секако главен производ бил ИПА-та. Имињата на пивските стилови не се врзани за географското потекло, па така овој стил сега се произведува низ целиот свет – или барем секаде каде што луѓето знаат навистина што е добро.

 

AMERICAN IPA
(6—15 SRM, 40—70 IBU, 5.5%–7.5% ABV)

Американскиот ИПА е стил кој денес е најзастапен во занаетчиското пиварство. Тоа е горчливо пиво од златна до светла килибарна боја, силно тело, релативно бистро и умерено газирано, со изразен мирис, и ароми на американски хмељ. Во поново време, покрај американската сорта на хмељ, стануваат популарни и ароматичните сорти од Австралија, Нов Зеланд па и делови од Европа. Меѓу нив се издвојуваат две различни школи на американските ИПА пива : оние од западниот брег и каде што убедливо доминира хмељот и и целото пиво е всушност само начин на испорака на хмељот ; и тие од источниот брег каде што пивата се покомплексни и имаат извесен баланс, помеѓу сладот и хмељот. Последните неколку години често може да се чуе и за подстилот „Session IPA“ пиво кое е подеднакво захмељено но со понизок процент на алкохол така да може да се пие во подолги „сесии“.

Предлози за дегустација: BrewDog Punk IPA, BrewDog Jack Hammer, Sierra Nevada Torpedo, Founders Centennial IPA, Jopen Northsea IPA, Bevog Kramah и било што ако налетате на некое пиво од Данска.

ENGLISH IPA
(7—14 SRM, 40—60 IBU, 5%–7.5% ABV)

Англискиот ИПА е најблизок до оригиналното ИПА пиво од осумнаесетиот век Со оглед на тоа дека станува збор за традиционален стил, тој не  е секогаш поврзан со занаетчиското пиварство, туку често може да го најдете во изведба со некои од индустриски пиварници од Англија. Ова е бистро светло пиво со портокалова боја, со избалансиран вкус на светол и карамелизиран слад и традиционални (англиски илии други ) видови на хмељ. Во споредба со американските ИПА може да ви изгледа бледо и неинтересно. Примери:  Brooklyn East IPA, Dogfish Head/Wells & Young,

DOUBLE IPA
(7—15 SRM, 60—120 IBU, 7.5%–10% ABV)

Кога Американскиот ИПА достигнал огромна популарност од крајот на деведесетите години од минатиот век крафт пиварниците почнале да измислуваат интересни рецепти и да се натпреваруваат во тоа кој ќе направи погорчливо пиво, , со што повеќе хмељ. За да таквото пиво стане питко, хмељот мора да се избалансира со вкусовите добиени од сладот и евентуално шекерот. Со варењето на таквите интензивни пива кои по правило имаат и значително поголем број на алкохол во калифорниските пиварници  Russian River и Stone настанал двојниот ИПА или империјал ИПА Очекувајте значително доминантни вкусови, но и јачина како на вино, -препорака да не пиете неколку одеднаш освен ако се разбира знаете што правите од претходно 🙂

BLACK IPA

(25—35 SRM, 40—70 IBU, 5.5%–7.5% ABV)

Црната ИПА е релативно нов стил , кој последниве години станува популарен во занаетчиското пиварство. името му звучи парадоксално (да се потсетиме дака ИПА -та во себе го има и pale-то) па некои го користат и изразот Cascadian dark ale повикуивајќи се на северозападна Америка од каде што потекнуваат многу видови на хмељ. Накратко овој стил е всушност американски ИПА во кој е додаден темен слад Во зависност од рецептот ова пиво може да има умерени вкусови на кафе или препржен леб од доминантната овошна растителна арома на хмељот.иако многу пиварници користат видови на црн слад кои даваат боја но не и вкус (Weyermann Carafa и сл). Го препорачуваме овој стил на пиво на познавачите на ИПА на кои им здосадиле пивата кои немаат ништо освен хмељ.

BELGIAN IPA
(4—6 SRM, 40—60 IBU, 5%–8% ABV)

Беллгискиот ИПА настанува на еден од следните два начина: традиционално белгискиите пиварници сакаат да се приклучат кон трендот на хмељени пива па направиле некое од нивните блонд пива со многу хмељ, или крафт пиварницата сака да направи некои од своите ИПА интересни па во нив додаваат и некои силни и комплексни белгиски квасци. Во секој случај ова светло пиво е со едноставни сладови во чии вкусови еднаква улога имаат квасецот и хмељот.

Во Македонија единствено за сега ИПА пиво се произведува во пиварницата „СТАР ГРАД“ во старата чаршија и најтопло ви го препорачуваме да го пробате.