Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВСКИ СТИЛОВИ: БРУТ ПИВА-КАКО НОВ ТРЕНД

Сигурно до сега некаде сте го сретнале како име пивскиот стил БРУТ ИПА кој допрва треба да влезе во новата ажурирана верзија на пивските стилови од страна на БЦЈП. Но, Брут-от како стил и не  е новитет на пазарот. Мајсторите пивари експериментирале со методот на пенливите вина цела една деката претходно. Нарекувајќи го bière brut или bière de Champagne, bottle-conditioned, пенливите пива се произведуваат или се инспирирани од Шампањ методот. Древната техника е исто така позната и како традиционална метода или оригинална изворна метода. 

Прилагодувањето на пијалкот кон пиво, дава еден шарен, ароматично овошен пијалок со вкус за сите прилики и свечености. Bière brut денес повторно ја доживува ренесансата благодарение на некои занаетчиски пиварници како  Cloudwater, Side Project Brewing и Mikkeller кои се впуштија во авантурата инспирирана од Шампањ. Претходно само неколку белгиски пиварници ја имаа таа чест да се пофалат со овој уникатен и несекојдневен пивски стил.

 

НАУЧЕН МЕТОД

Bière brut повеќе се дефиниран од неговиот метод на производство отколку како стил Вообичаено, станува збор за пенлив пијалок со висок процент на алкохол од 8 до 12 % во екстремни случаи, светло тело , како и пенливото вино, иако постои и темна варијанта (единствена во свет) Но она што брутот навистина го прави „брут“ е откако ќе се флашира пивото тука се случува целата магија, а не во неговите состојки. 

Сите брут пива се bottle-conditioned, (одноно одлежуваат во шишиња), но тоа не значи дека сите такви пива спаѓаат во категоријата брут. За одлежаното пиво во шише да биде брут, мора да ја помине секундарната ферментација, користејќи Шампањ квасец, (за разлика од але квасецот) 

 

ИСТОРИЈА НА BIÈRE BRUT

 Приказната на BIÈRE BRUT почнува некаде во 2000 година. И како таква не треба да се меша со Американскиот стил на пивски шампањ или пак Берлинер вајс, кој го нарекуваат и германскиот пивски шампањ од Северот. Но, исто така не треба да се споредува и со најновиот изум и тренд а тоа е Брут ИПА та која што генерално не се произведува според методот на Шампањ.

Како што пишуваше на времето легендарниот пивски писател Мајкл Џексон, кој при неговата посета на пиварницата Malheur  во Белгија и го праша сопственикот Ману Де Лендшеер кој е неговиот сон? “Ману му одговори дека сака да направи пиво како што го прават Шампањ во Франција”, изјави Томас Де Моор, главниот мајстор пивар во пиварницата Малур,.

Сонот се реализира во пивото Malheur Bière Brut, кое што е силен и моќен Белгиски ејл кој што реферментира дури три пати во шишињата со Шампањ квасец, за потоа да се налегне и исправи. Пивото се реализира во 2002 година и беше одбележано како првото пиво произведено според методот Шампањ. Винските ентузијасти го нарекоа „прво и основно пиво, иако извонредно но и невообичаено добро“.

Исто така во 2002 година пиварницата Brouwerij Bosteels го претстави своето  DeuS (Brut Des Flanders) кое откако ќе се направи пивото флаширано се праќа во областа Шампањ каде што се произведува понатаму по традиционалниот метод. На почетокот имаа проблем со дизајнот на етикетата и амбалажата со Дон Перињон, кои се заканија дека ќе го тужат Бостелс за прекршување на трговската марка. 

(Malheur исто така имаа проблем и добија шлаканица кога го рекламираа нивниот bière brut како “Veuve Clicquot of the beer world,”пишува угледниот магазин BeerAdvocate). Јасно е сепак дека овие производители на пивски Шампањ не биле среќни поради овие околности поради тоа што нивните пива зачекориле во забранета територија. 

Како и да е, двете пиварници продолжија со производството со истите етикети во Шампањ стил. Бостелс го додоа називот Dominus Vobiscum Brut, што значи bière brut  кое што е произведено во куќата, Malheur го додадоа Malheur Dark Brut кое што е единственото црно пиво Шампањ.

Од 2010 година. пивските шампањи или брут пива го преплавија светот. Микропиварницата Charlevoix  од Квебек КАнада, дебитираше со својата верзија Dominus Vobiscum Brut во 2010 година а данскиот Микелер го произведе Nelson Sauvignon Bière Brut во 2011 година. Во 2014 година пиварницата Morada Cia Etílica од Бразил го произведе своето  Double Vienna Brut, со 11,4% алкохол кое што реферментира со Шампањ квасец и одлежува 18 месеци. 

Во САД пивската брут методологија е шаренолика.  Golden Valley Brewery од Портланд, се смета дека е првата пиварница која што го се обидела да создаде вакво пиво а тоа е нивното IPA VS Brut, реализирано во 2006 година. Двојното ИПА пиво е одлежано во буриња кои се користепе претходно за Шардоне од винаријата Argyle во близина на Данди, Орегон. IPA VS Brut беше флаширано според Шампањ методот.

Занаетчиските пиварници, како иноватори, продолжија да го развиваат трендот на брут пивата. Side Project Brewing во Ст Луис, е мала пиварница која што започна со Blanc de Blancs bière brut,кое што ферментира во дабови буриња во кои претходно одлежало Шардоне од Мисури во 2014 година. Во меѓувреме Victory Brewing од Даунингтон,го промовира нивното Jubilee, Белгиски але стил кое што ферментираше со вински шампањ квасец, и германски хмељ во 2016 година. Модата брзо се менува во сцената на занаетчиските пива но  Bière brut е навистина редок тренд и треба голема храброст истиот да се произведе.