Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВО ВО ФОКУСОТ: PERONI GRAN RESERVA, ИТАЛИЈА

Со седиште во Рим, Peroni е компанија за производство на пиво во Италија, познати по своето пиво Nastro Azzurro и Peroni, но помалку познати по нешто што заслужува малку повеќе внимание серијалот Peroni Gran Riserva.

Пиварата Перони е основана под името Birra Peroni Brewery во 1846 година од семејството Перони во Виџевано, во регионот Ломбардија, Италија. Во 1864 година Џовани Перони ја сели пиварата во Рим, од каде што почнува нивниот просперитет. Првата реклама се појавува во 1910 година која што многу помогна во популаризација на брендот. Од 1960 година пивото Peroni станува најпопуларното пиво во Италија, започнува со поширока дистрибуција и станува познат и признат интернационален бренд од 1990 . Во 2005 г пиварата ја купува South African Breweries и започнува интернационалниот фокус на брендот Nastro Azzuro – премиум лагер пиво со подобоар вкус од Перони. Денес е во сопственост на SABMiller, втората најголема пиварска групација во светот. Под името Peroni произведуваат неколку типови воглавно на лагер пива и втор главен и значаен бренд е Nastro Azzurro. Peroni го изградија својот бренд онака како што знаат само Италјанците да го направат тоа со високо чувство за стил и естетика, а со својот пристап пивото го однесе во повеќе од 50 земји низ целиот свет и на пет континенти.

Магазинот The Daily Telegraph го стави Peroni заедно со Gucci и Ferrari меѓу првите италјански икони.

Оригиналниот и најпознат бренд во Италија е пивото Peroni со 4.7% алкохол, Уште во првите денови Peroni се сметаше за лесно освежувачко пиво, и добро направено споредено со другите Италјански пива од тој тип. Направено е како „модерно интеранционално лагер пиво“ и покрај јачменов слад содржи и пченка. Вториот бренд по големина е Nastro Azzurro, што на Италјански значи „Сина лента“. Настро Азуро е премиум лагер со 5,1% АБВ лансиран во 1963 година. Исто така, содржи пченка, но покажува повеќе карактер на сладот. Најсилното пиво направено од пиварницата е Перони Гран Рисерва, со 6,6% АВВ

Серијалот Gran Riserva беше креиран во 1996 година со цел да се одбележи 150 годишнината на пиварата и е пиво кое што се карактеризира со 100 % Италјански слад, користејќи го најдобриот двореден пролетен јачмен во Италија. На Peroni Gran Riserva се гледа како на еден од најквалитетните производи од фамилијата на Peroni.

Peroni Gran Riserva почна да го освојува светот. Во 2017 година завршува со двоен успех за квалитет на совршеноста на Перони. Трите специјални пива на семејството Перони имаат освоено неколку награди од најважните меѓународни натпревари: World Beer Championship Tastings.comнајстарото годишно американско натпреварување посветено на светските пива, промовирано од Институтот за пијалоци за пијалоци од Чикаго и The Beer Awards, британската награда промовирана од најважните светски експерти во овој сектор, кои се собраа во престижната IWSC групација.

Благдарение на квалитетот на состојките, како што е 100% италјански слад и пченка, и долгиот процес на производство, за да се постигнат уникатните карактеристики на Peroni Gran Riserva Doppio Malto, Rossa, Puro Maltо и Bianca. На Tastings.com World Beer Championship во категоријата „Bock“ освои 91 од можните 100 поени, и беше оценето како „исклучително“ пиво и ја озвои златната медала. Речиси истиот резултат го доби и црвеното Перони тоест Peroni Grand Reserve Rossa, со 91 од 100. и доби златна медала во категоријата „Vienna“. додека Pure Malt освои сребрена медала во категоријата „Munich Helles“ со 89 поени и „високо препорачан“ рејтинг. Во 2017/2018 на британскиот натпревар за истите пива ги доби истите оценки четири ѕвезди за Doppio Malto и три за Puro Malto и Rossa.

Peroni Gran Riserva Rossa е многу квалитетно пиво со лесно полно тело комплексна ароматичност со ноти на карамела од сладот, црвена рубин боја од италјанскиот amber malt, Долг процес на производство и 100 % италјански слад. Содржи 5,2% vol алкохол, спаѓа во категоријата Vienna лагер, се служи на температура од 6-8 ° во гоблет чаши.

PERONI GRAN RISERVA BIANCA – направено е со метод на горна ферментација, користејќи 100 % италјански слад. Peroni Gran Riserva Bianca е тип на Weiss пиво со ароматичен и освежителен вкус. Пченичниот и јачменовиот слад се селектиран италјански производ, кои на пивото му даваат елегантна, матна златно жолта боја и овошна арома и зачини во кои доминира каранфилче. Идеално за уживање во специјални моменти, и е вистински репрезент на италјанската традиција и автентичен вкус. 5,1% vol. категорија Weizen, се служи изладено на температура 6-8 ° C се служи во гоблет чаши за специјални пива.

Peroni Gran Riserva Doppio Malto – повторно пиво со 100 % италјански слад комбиниран со карамелизиран слад и ароматични хмељови и долг процес на одлежување на ниски температури. Тоа е и тајната на ова малку зачинето пиво со уникатен вкус. 6,6% vol. италјански стил на Bock пиво со интензивна златно жолта боја, интензивна и избалансирана арома на житарките, зачини и специјалните сладови. се служи на 6-8 ° C.

PERONI GRAN RESERVE PURE MALT – уживајте во задоволството на чистиот јачменов слад. Повторно 100 % италјански слад и долг процес на двојна декокција, на ниски температури му даваат посебни ноти и уникатен вкус. 5,2% vol премиум лагер пиво со висок квалитет, се служи изладено на температура од 4-6 ° C.

Веќе извесно време го има и на македонскиот пазар благодарение на официјалниот увозник за Македонија Eurolab International Group

Марјан КОСТАДИНОВСКИ