Skip to content Skip to footer

ПИВО И УМЕТНОСТ: РАЧНО ЦРТАНИ МАИЦИ, ДИЗАЈН СО ПИВСКИ МОТИВИ. САМО ВО ПИВСКИОТ САЛОН

Се повеќе луѓе прифаќаат производи кои што се рачно изработени кои имаат свој ексклузивитет, идентитет и приказна. Без разлика дали станува за занает, слика, пиво или вино можеби се во мала количина, но специфично е дека авторот на овие дела остава свој печат со раката, секоја дамка има своја приказна. Секоја маица се бои и црта рачно и внимателно со текстилни бои во еден процес во кој грешки не се дозволени.

Во нашата продавница за прв пат може да најдете токму такви маици на кои се насликани разни цртежи инспирирани од пивото и разни пивски пораки. Автор на овие дела е дизајнерката Мелани Димитровска и овие маици може да ги набавите во нашата веб и физичка продавница по цена од 699 денари.

Дизајн: Мелани Димитровска
Фотографија: Драган Ристовски
Текст: Марјан Костадиновски