Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ПИВО И СИРЕЊЕ: ГАСТРОНОМСКА СЕНЗАЦИЈА ОД НЕБЕСНИ ПРОПОРЦИИ

Beer and Cheese picСирењето и пивото за некого се помалку вообичаена комбинација, а за некој речиси и секојдневна потреба. Повеќето од вас сигурно ќе се сложат дека со сирењето најдобро оди чаша свежо млеко или пак чаша вино. Но со оглед на тоа дека во минатото на селаните виното им било луксузен пијалок, сепак сирењето се конзумирало со пиво. Низ Европските села се произведуваат секаков вид на сирења од пикантен до остар вкус, што совршено одговара со чаша изладено добро пиво. Во Белгија пак поголемиот број од манастирските пиварници самите произведуваат и свое сирење кое што се смета за специјалитет

Традиционално пивото и сирењето се домашни производи. Всушност, не толку одамна исхраната на еден просечен фармер се состеше од пиво, сирење и ладно месо, а во пабовите во Англија често може да се најде и како дневно мени. Но, што е заедничко за пивото и сирењето? Потеклото, а тоа е тревата. Јачменот како житарица се користи за правење пиво, додека млекото е нус производ на кравата, која пак од друга страна се храни со трева. Како резултат на тоа пивото и сирењето се дополнуваат едни со други и преку размена на некои заеднички карактеристики во аромата и во вкусот.

Пиво и сирење? Идејата за “спарување” меѓу овие две работи изгледа малку чудна, но фактите кажуваат нешто сосема поинаку, дека бракот помеѓу пивото и сирењето датира уште многу поодамна.

download

Во текот на средниот век во Белгија, манастирите биле познати по нивните исклучителни пива и сирења, главно мени во нивната секојдневна исхрана и на некој начин форма на приход. Дури и денес, во повеќето барови во Белгија ќе ве послужат со мали коцкести парченца сирење, добро потсолени идеален придружник во уживањето на вашето пиво. Тоа што подоцна се случува во вашиот организам е гастрономска сензација од небесни пропорции.

Но, нели виното пак оди подобро со сирењето?

Се разбира дека оди, но сето тоа е со цел да се популаризира изразот “храна и вино”.

Со оглед на тоа дека денес може да се најдат повеќе стилови на пиво и сирење на нашиот пазар, ќе ви понудиме некои предлози кои одат со совршено добро пиво кој тип на сирење. Обидете се да ги соедините комплексните пива со сирења.

  • Фета и козјото сирење добро оди со Пченичните бели пива (Пауланер, Хоегарден, Ердингер)
  • Маскарпоне, и другите кремасти сирења кои се користат како десерти и сосови, совршено добро одат со овошните пива (Линдеманс криек) и други.
  • Мешаното, кравјото или биено сирење е совршена комбинација со лагер пивата (кои се во моментов најзастапени во Македонија).
  • Рокефорт сирењето кое има силен карактер е идеален партнер за Белгиските ејлови како Дувел, Шимаи плавото и сличните.
  • Ементалерот и Швајцарските сирења се добри со Бок пивата, темните лагери, пауланер салватор, пауел квак.
  • пармезанот или романото се совршени со Пејл ејловите и темните ејлови.

Гарет Оливер, Производител од Бруклинската Пиварница и the American Dairy Association (ADA) понуди еден едноставен водич кој би можел да послужи како основа за новитет на љубителите на пивото и сирењето.

Sharp Cheddar со Pale Ale
Feta со Wheat Beer
Mascarpone со Fruit Beer
American Cheese со Pilsner
Colby со Brown Ale
Gorgonzola со Barleywine
Gruyére со Bock Beer
Swiss Cheese со Octoberfest Beer
Parmesan со Amber Lager

ПИВСКИТЕ СИРЕЊА КАКО ПОСЕБНА КАТЕГОРИЈА

Пивските сирења сепак не се самостојна група на производи. Повеќето се во групата на меки и полутврди сирења, кои созреваат под култура на посебни бактерии. Во Баварија и австриски Тирол денес се произведуваат и таков вид на сирења чија површина во текот на процесот на дозревање се третира со силно пиво, од кое на површината на сирењето преминува квасецот кој понатаму се развива во сирењето. Во Ирска, на пример така ги третираат cheddar сирењата со портер пиво, кое воедно е и најдобар пијалок со тој вид на сирење.

1200

Имено најстаро и најизворно пивско сирење е Weislacker кое потекнува од јужна Баварија, и затоа понекогаш го нарекуваат и Баварско пивско сирење. Денес не е многу присутно, но станува збор за вистински специјалитет. Се работи за сирење формирано во мали коцки со дупчиња околу 12,5 сантиметри и тежина околу 2 килограми. Тоа е меко сирење кое речиси и да нема кора, но на неговата површина се создава карактеристичен мазен бел филм што личи на бел лак. Првпат почнало да се произведува во 1974 година на селски имоти на височина од 800 метри и повисоко. Млекото од планинските крави после потсирувањето внимателно се обработувало во големина на орев и после два часа стоење рачно се обликувало во коцкести калапи. Во калапите сирењето неколку пати се вртело, а после два дена се потсолувало. Созревањето во првите шест недели се одвивало во топли простории на собна температура. Денес производството на овој вид на сирење е многу поедноставено и процесот на созревање е под строга микробиолошка контрола, која пред се ја гарантира здравствената сигурност.

dscn3251

Во Чешките краеви ваквото сирење се споменува уште во 1924 година. Едно од тие сирења од чешката историја е и сирењето на витезот Жумбери кое се произведувало во западночешката област. Имено сирењето името го добило по истоимениот вид на вино, но сепак најдобро се спарувало со пивото. Во производството на тој вид на сирење се користела технологијата на француското сирење Порт Салут, а основна разлика била во неговата форма. кое имало форма на квадар со тежина од 400 грама. Станувало збор за меко сирење чија слаба кора била прекриена со тенок жолтоцрвен премаз, со изразено ароматичен  и пикантен вкус. Постојат уште голем број на такви сирења во Чешка, но доколку ги опишуваме сите посебно би било и една телевизиска емисија недоволна.

Сепак денешното модерно индустриско производство на сирење во Чешка малку е модифицирано но конечниот резултат се сепак сирења со многу слични сензорски особини како што ги имале изворните пивски сирења од нашите предци со прилично сложен начин на изработка.

Но пивските сирења не се само меки сирења, кои во своето име го имаат називот :пивски”.Во групата на сирења кои добро одат со пиво се и сите сирења кои на површината имаат емулзија, Во таа категрорија спаѓаат француските и белгиски манастирски сирења, Како и да е пивските сирења имаат долга историја и традиција, ваше е само да направите добар избор можеби некогаш ќе треба и да го затнете носот 🙂 поради многу силниот остар мирис пресечете мало парче, како и парче леб, добро изладено пиво и се препуштите на овие пикантни гурмански задоволства.

CHIMAY BLUE ИЗВОНРЕДНО СИРЕЊЕ СО ТРАДИЦИЈА УШТЕ ОД 1876 ГОДИНА

Покриено со шуми и полиња, со неколку реки наоколу областа Шимаи во Белгија отсекогаш бил регион каде што кравите биле плодни. И кога и да налетате на нив знаете дека секога тука некаде се произведува и локално сирење.

Visuel-fromage

Уште од 1876 г Трапистичките монаси од Манастирот Скурмонт ги откриле тајните за правењето наполутврдото сирење кое што користи одлично млеко од сопствената фарма и житарки кои се одлгледуваат во рамките на манастирот. Денес сирењето Шимаи е ексклузивно се прави само од регионално млеко и трапистичките монаси само ја модернизирале постапката на производство. Технологијата е во согласност со традицијата со цел да ги задоволат вкусовите на се поголемиот број конзументи. Постојат 5 видови на Шимаи сирење

  • Chimay Grand Classique; Chimay’s “Grand Classic” ова сирење е полутврдо. природно, необоено овбвиено со кора, со мазна текстура и изненадувачки прекрасен вкус на свеж леб и пресно млеко.
  • Chimay à la Bière;Chimay уникатните сирења заедно со пивото се единствени со извонреден карактер. Кората на сирењето е помината со пивото , што му го дава вкусот на хмељот, кајсии и праски.
  • Chimay Grand Cru;Омиленото сирење на вљубените парови. поради неговата мекост, одлежува шест недели, направено е од пастеризирано млеко,
  • Vieux Chimay;„Старото Шимаи“ сирење е направено со одбрано полномасно млеко, поради што е тешко, и во подрумите зрее најмалку осум месеци, што му дава вкус на лешник и малку горчина.
  • Le Poteaupré; е сирење со мека, кремаста текстура, му требаат пет недели за да созрее, доста зачинето.

Orval 

photo
Сирењето на Орвал е единственото од Манастирот Орвал, кое што се прави од пастеризирано млеко од локалната фарма во регионот Гауме.Се работи за полумеко сирење, со природна кора, Во Белгија ова кремасто сирење се вклучува во категроијата на сирења кои се нарекуваат “Plateau.” Орвал сирењата се прават во процес кој е развиен уште во 1816 г од Трапистите од Манастирот Port-du-Salut, во Франција.

Westmalle

plateau_Westmalle

Согласно на вистинската традиција , Трапистичките сирења од Вестмале се продолжува да се произведуваат со непастеризано млеко. Тие се лесно потсолени со хомогена текстура. Монасите користат 100 % природни состојки во производството на нивното сирење, вклулувајќи го и млекото од нивните сопствени крави, и производството е под нивна лична контрола. Самото производство бара да биде 100 % природен процес без пастеризација и без презервативи или обојувачи. Во лето кога кравите одат на пасење, сирењата имаат различна боја, за разлика од зимата кога се враќаат во шталите.  Производството на сирењето е лимитирано и е достапно само во влезот на манастирот и во кафе барот “Café Trappisten,” на другата страна на улицата..

во прилог погледнето го и видеото за производството на трапист сирењето на Chimayu.

 The Chimay Trappist Cheeses