Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

ОПСТАНОКОТ НА ПИВОТО ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНИТЕ

Наполеон е заслужен за неговата изјава: „Армијата напредува од нејзиниот стомак“, но можеби требало да додаде и тоа дека „тој стомак треба да биде полн со пиво“. Во поемата на Рудиарт Киплинг „Гунга Дин“, индиската вода е прикажана како херој кој ги спасил Британските војници во текот на битката. Но водата како пијалок не ја сакале многу Британските војници, „Може да зборувате за џин или пиво/кога си на безбедно поле“ пишува поетот. Во текот на историјата на војните посебно во Северна Европа и Северна Америка, пивото е водата на животот на војникот,.

Додека пивото има долга историја како пијалок во Сумерија, Месопотамија и Египет, за време на Римската Империја, изборот на пијалок на Медитеранот беше виното. Римјаните посадуваа лозја секаде каде што ќе се населеа, а римските легионери секојдневно пиеле вино, како и повеќето обични граѓани. Но, кога римските војници ги сретнале Галските племиња и Британските острови, се најдоа во ситуација да се борат со сериозни пијачи на пиво.

За античките Келти, пивото било увертира во битките, Ефектите од конзумирањето на алкохол го подобрувало природниот страв од повреда или смрт во вооружен конфликт.

Силата на Келтските напади беше изразена уште при првиот обид. Тоа беше моќ генерирана со верувањето во задгробниот живот, желбата да се добие на слава, и хистеријата создадена по освојувањето проследена со голема галама и пеење песни, сето тоа залиено со многу алкохол. Ова се всушност вообичаените методи, кои борбените сили со години ги користеле за да ја добијат потребната храброст во моментите на битките.

Како и Викинзите, и келтите често се бореле голи. Дали ова е последица од прелевањето со големите испиени количини на пиво не се знае. Како стратегија во битката, се чини дека имало лимитиран успех.

АМЕРИКАНСКАТА РЕВОЛУЦИЈА

Таверните биле места за главните состаноци на Американските колонијалисти, а воедно и места каде што се собирале организациите како „Синови на Слободата“ за да го договорат бунтот против англиското владеење. Историски пример е познатиот прогон на Семјуел Адамс во таверната Зелениот Змај во Бостон. Но, пивото повеќе ја поттикна Американската револуција. Како дел од редовниот дневен оброк за војниците определен од страна на Континенталниот конгрес, пивото го запали пламенот на слободата што гореше во нејзината армија. Статутот, кој што беше донесен на 4 ноември 1775г, предвидува дека на секој војник му е обезбедено еден литар пиво или сајдер.

Самиот Џорџ Вашингтон, главен генерал на американската бунтовничка војска, цврсто веруваше во важноста на пивото како главен елемент за неговите трупи. Според историчарот Грег Смит „меѓу најмалку признатите но најзначајни вештини на Џорџ Вашингтон беше во тоа што во локациите на неговите логори секогаш имаше доволно пиво“. Од друга страна тој често пати објавувал прогласи против продажбата на на виски за војниците, стравувајќи дека таквото пијанство би ја нарушило дисциплината на војниците.

Колонијалните пиварници бргу ја искористија потребата за жед за пиво за новата армија. Смит ја цитира големата шема на Томас Петерс, кој планирал да изгради пиварница во Балтимор за да ги снабдува американските војници. „Потоа го формирав планот за изградба на пиварницата, на најширока можна скала во Америка, со цел да им биде од корист на американските и француските трупи“, пишува Петерс. Војната не траеше долго, за да се реализираа плановите на Петерс, додека другите пивари во околината на Њујорк пронајдоа голем бизнис во меѓувреме.

ГРАЃАНСКАТА ВОЈНА ВО АМЕРИКА

Кога се чинеше дека ќе се подели новоформираната американска држава во 1861г, пивото повторно одигра клучна улога надвор од бојното поле. И тука повторно пивото беше од централно значење за животот на војниците. Бидејќи овој конфликт траеше со денови и со месеци, во времето кога немаа активности војнците се обидуваа да пијат за да ја намалат здодевноста од неактивноста. Домашното пиварство беше заедничка активност ба силите на Унијата, како и дестилатите. Често пати произведуваа пијалок кој беше познат како O Be Joyful . песната “Soldier’s Joy,” мораше да ги охрабрува војниците:

“25 центи за морфин, 15 центи за пиво”, 25 центи за морфин, ќе се испијам од тука! ”

пивото секогаш им било обезбедувано на војниците од страна на Унијата преку разни препродавачи.

ПАТОТ НА ПАЛЕ АЛЕТО ДО ИНДИЈА

Пивскиот стил со кој е во корелација со најголемата воена мисија денес е стилот Индија Пале Але кој што е измислен од пиварницата Бартон од страна на пиварот Џорџ Хоџсон, околу 1790г, првично тоа беше силно, и многу хмељено пиво, кое требаше да го преживее долгиот пат од 11000 милји од Англија до британските трупи стационирани во Индија. Популарноста на пијалокот инспирираше потоа многу британски пивари, иако еден период исчезна во Обединетото Кралство, пред да се појави новата модерна Американска верзија во 1982г. Сега многу Британски пиварници вклучувајќи ги Фулерс, и Семјуел Смит повторно прават ИПА пива.

ПИВОТО ЗА ВРЕМЕ НА СВЕТСКИТЕ ВОЈНИ

Во Англија, за време на Првата Светска Војна, британското пиво било нападнато на домашниот фронт. „пивото ни прави повеќе штета во војната, отколку сите германски подморници заедно„. Објави Дејвид Лорд Џорџ, британскиот министер на маринците, кој стана премиер во 1916г.

Како верен прохибиционист Лордот Џорџ и неговите сојузници ја користеа војната како изговор за затварање на пабовите и пиварниците. Почнувајќи од Законот за одбрана на царството од 1914г Defense of the Realm Act лиценцираните часови беа лимиитирани, на пет ипол часа дневно. Цените на пинтите двојно се зголемија, како високиот данок кој беше ставен на пивото. Во книгата „Пиво за победата“ Брајан Гловер истакнува дека не само британското производство на пиво се намалило за 37 милиони барели во 1913г на 19 милиони во 1917г просечната јачина на пивото исто така паднала, а во меѓувреме во САД паднаа во амбисот наречен прохибиција.

На почетокот на Втората Светска Војна во 1939г британските пивари ги обновија некои од нивните претходни пиварници. Свесни за неуспехот од Американската Прохибиција, во 1933г британските урбанистички лидери го обновија нивниот напад. Лидерите на индустријата на пиво се спротиставија со тоа со промовирање на пивото како здрав пијалок богат со хранливи состојки потребни за граѓаните, за време на диетите за време на војните.

Лорд Вулстон, Министерот за исхрана, го прогласи консензусот на владините лидери од 1940г наведувајќи дека „има многу луѓе кои веруваат дека една чаша пиво не прави никаква штета“.

Поддршката на британските пиварници беше прашање на британската национална гордост.Со фокусот на „Британското е најдобро“ увозот беше намален на 23% до 1935 г. Сето ова беше на голема радост на британските фармери кои беа во можност значително да ги зголемат цените на јачменот , но од друга страна се жалеа и поради недостаток на работна сила поради воените обврски за време на војната. Само пиварите над 30 години беа ослободени од воена служба. Оваа промена во расположението на работната сила не претставуваше победа за жените кои беа вработени во пиварниците на работни места кои претходно ги сметаа за несоодветни за жените. Жените исто така го превземаа управувањето со многу пабови, па дури и добија на еднаквост во поглед на платата со мажите. Како последите на тоа жените кои работеа во пиварниците го создадоа новиот вкус на пивата, обезбеувајќи им на пиварниците повеќе нови клиенти.

Британските пиварници создадоа „пиво за трупите“ во јули 1942 „ Национална должност е на секоја пиварница да обезбеди пиво за трупите во нивните места, бидејќи трупите беа лоцирани на места каде што алкохолот беше целосно забранет на Блискиот Исток и Африка. Одредени британски пиварници испратиле 500 пакети пиво во чест на „бранителите на Тобург“ во Северна Африка, чие што доаѓање долго се прославувало.

Американските пиварници исто така беа великодушни кон војниците но не на своја воља. Одделот за земјоделство на САД, всушност наредил дека 15% од вкупното производство на пиво во САД ќе биде одвоено за војската што претставува поголем обем на производство од вообичаеното.

Кралската морнарица на Велика Британија во 1944 г го почна најамбициозниот план за снабдување на британските војници со пиво за време на Втората Светска Војна. Предвидувајќи ја долгата војна на Пацификот со престојниот недостиг на пиво за морнарите, морнарицата ја избрала пиварницата Адламс со седиште во Бристол, за да дизајнира „пивски брод“ на кој би можело да се направат 250 барели пиво неделно со екстракт од слад. На почетокот беа планирани четири вакви пловечки пиварници, иако бројката беше сведена на два, поради многу технички проблеми. За овој проект беа избрани двајца мисионери кои биле испратени во Ванкувер Канада летото 1945г.

Откако атомските бомби беа фрлени на Хирошима и Нагасаки и јапонците се предадоа на 14 ти август 1945,првото тест пиво на бродот не беше комплетирано, до 31 декември 1945. а она што беше направено веше испратено на пристаништата во Јокохама и Шангај и ХонгКонг. После шест месеци откако отпловил назад за Англија, Менестеј и неговата пивска куќе биле разрушени. Таков проект подоцна никогаш не бил направен.

МОДЕРНИТЕ ВОЈНИ И ПИВОТО

Војната во Виетнам беше многу исрпувачка за САД, поттикнувајќи многу противења како дома така и надвор. Без оглед на тоа дали од самата непопуларноста на војната, или од шизофреничката природа на борбената герила во џунглата, употребата на дрогата меѓу американските војници била неконтролирана. Една од тие т.н лекови бил и алкохолот. „Пивото го имало насекаде. Се сеќавам кога ги видов палетите надвор од базата“, вели психологот Џејмс Гудвин, кој во тоа време бил Маринец. Многу различни брендови на американско пиво биле на располагањ, а војниците обично ги префрлувале во виетнамски „33“ лагер познат како “бам-е-бам” или “мочањето на тигарот”.

Пивото, заедно со виските во поодалечните делови било суштински дел од арсеналот на војниците. „повеќето пилоти на хеликоптерите не можеа да летаат ако немаа барем малку алкохол во нив. Многу момчиња пиеја пред да излезат во патрола. Иако беа под законски дозволената возраст за пиење никогаш не им се бараше идентификација“. Гудбвин бил задолжен за 13 војници од кои половина од нив сметале дека имаат „сериозни проблеми со алкохолот“.

Но и во 20-тиот век одвојувањето на алкохолот од војникот не изгубило на неговата популарност. Во една приказна на Асошиејтед Прес на 20 март 1996г американските војници во Босна наводно се жалеле дека биле негирани со тоа што немале пиво, па така им се испорачувало со хеликоптерите од трупите од Виетнамската војна. Очигледно дека американските команданти во Босна ја забраниле употребата на алкохол, бидејќи „копнените мини, непријателски настроените локални жители и други фактори би можеле да ги загрозат пијаните војници“ се вели во текстот. Но војниците гледаа поинаку на работите. „доверено ми е да чувам осум авиони, а со тоа и животите на 12 војници, како и оние на моите пилоти“ полковникот Џејмс Андухо напишал од својата база од Тузла, „Сепак не можам да верувам дека можеме да се релаксираме со една лименка на ладно пиво со моите војници„.

БРЕНДОВИ ИНСПИРИРАНИ ОД ВОЈНИТЕ

Но „благородната“ страна на воените дејствија инспирира т.н „војна“ меѓу брендовите низ годините . Една од нив е пиварницата Traquair House со пивото Jacobite Ale кое што е произведено во 1995 по повод одбележување на 250 годишнината од бунтот на Јакобит во Шкостка против Англија. Но во Шкотска има и други брендови кои се инспирирани и се чини дека се модерни овие денови. Уште еден таков пример е SkullSplitter, силен але направен од пиварницата the Orkney Brewery,не е именувано за ефектот врз конзументот туку според еден историски воин Thorfinn Hausakluif, Седмиот Викинг Ерл од Орин околу 1000 година. Пиварницата исто така го произведува и пивото The Red MacGregor кое во Сиетл е продадено како „пиво за пиење додека се борите против Англичаните“.

Но, и Англичаните имаат свои „борбени“ пива. Vaux Double Maxim е темен але направен од сега непостоечката пиварница од сандерленд, а беше подготвено за да го прослави враќањето на капетанот Ернест Вокс од војната во Јужна Африка, беше именувано според неговата автоматска пушка.

Веројатно најконтраверзното современо британско воено пиво е Spitfire Ale специјален битер стил кое што е создадено 1990 за да ја одбележи битката за Британија во Втората Светска Војна. Наречено како „Шишето на Британија“ брендот создаде една хумористична слика со умни реклами на воена тема на сметка на Германците.

Без разлика на тоа дали се користи за да поттикне некоја војна или да се одбележи крајот на некоја, пивото отсекогаш било на фронтот. Тоа би било крајна иронија ако овој пијалок кој буквално ги инспирирал легиите, во политичка коректност би требало да има свое место и во вените музеи.

извор

Barry Cunliffe, The Ancient Celts. Oxford: Oxford University Press, 1997. p. 103

Gregg Smith, Beer in America: The Early Years 1587-1840 . Boulder, CO: Siris Books (Brewers Publications), 1998, p. 100

Brian Glover, Brewing For Victory: Brewers, Beer and Pubs in World War II. Cambridge: The Lutterworth Press, 1995, p.1

George Boehmer, “GI Gripes in Yugoslavia”, Associated Press article, March 20, 1996.