Skip to content Skip to footer

ОКТОБЕРФЕСТ ПОВТОРНО ОДЛОЖЕН

И во 2021 година нема да се одржи најголемиот пивски настан Октоберфест се додека трае пандемијата со COVID -19. Oваа одлука ја донесе Баварскиот премиер Маркус Содер на заедничката конференција со градоначалникот на Минхен.

„Разговаравме што да правиме додека сеуште трае пандемијата и се согласивме за општите препораки. Конечната одлука согласно Законот за заштита на населението од епидемија им припаѓа на општините, но ние бевм едногласни во мислењето дека сеуште е рано да се организираат големи манифестации како што е Октоберфест“.

Според премиерот на Баварија, одговорноста на здравјето на граѓаните е поголема и поважна од економските придобивки од одржувањето на фестивалот, па затоа ја донесовме оваа одлука во интерес на целото население“.

Фестивалот требаше да се одржи од 18ти Септември до 3ти Октомври во Минхен и годишно го посетуваат 6 милиони луѓе од цел свет. Минатата година поради откажувањето на фестивалот на Баварија и недостасуваа повеќе од 1 милијарда евра.

извор: BBC NEWS