Skip to content Skip to footer

НОВОСТИ: ПРИНОСОТ НА ХМЕЉ ВО АВСТРАЛИЈА СЕ НАМАЛИ ЗА 1,6 %

Водечкиот одгледувач и производител на хмељ во Австралија  Hop Products Australia (HPA) ја заврши бербата во 2021 година. Хмељот од трите фарми со вкупна површина од 675 хектари произведе 1526 тони на хмељ.

Површината на фармите со хмељ споредено со минатата година се зголеми за 6,9 % или 44 хектари, а приносот од земјоделските култури се намали за 1,6% односно 25 тони. Собраниот хмељ беше во шест различни сорти (Eclipse, Ella, Enigma, Galaxy, Topaz и Vic Secret), како и добро познатата Cascade. Бербата на хмељот Ella беше за 22 % помала од очекуваната, а приносите на Топаз и Каскада исто така опаднаа. ХПА е уверена дека ќе може да ги исполни сите договорени обврски и на клиентите ќе им понуди други сорти од нивниот асортиман. Хмељот Galaxy  се зголеми за 7,2% односно 974 тони, и покрај променливите временски услови и бележи стабилен континуиран раст веќе 11 години. Vic Secret варира со 11,1% -233 тони. новата сорта хмељ Eclipse може да ги засени другите видови во блиска иднина, бидејќи ги надмина очекувањата уште во втората година од комерцијалното појавување и истиот го користат повеќе од 500 пивари ширум светот во широк спекар на стилови.

Според извештајот од компанијата квалитетот на хмељот оваа година е добар а содржината на маслото е над просекот.