Skip to content Skip to footer
Отворено: понеделник до петок од 12:00 до 20:00 часот
улица Максим Горки 25/4 1000 Скопје, Македонија
0 items - 0 ден 0

НОВО ПИВО ВО „БОТЕГА ДЕЛ ВИНО“ WEIHENSTEPHANER KELLERBIER

Специјализираната продавница за алкохол Ботега дел Вино, која што од минатата година влезе и во светот на пивото со увоз на неколку Германски и Чешки пивски брендови оваа година во време на здравствена и економска криза Weihenstephaner 1516 Kellerbier, од сеуште најстарата активна пивара во светот.

Weihenstephaner 1516 Kellerbier е природно матно, добро избалансирано специјално пиво со силен карактер, хармонично мешајќи ги аромите на слад, со миризливо буке од благородна сорта на хмељ.

Оригиналниот матен лагер прв пат беше произведен во 2016 година, како лимитирана серија по повод 500 годишнината од Баварскиот закон за чистота на пивото. Поради огромниот прием на ова пиво, Келербиер од Баврската Државна Пиварница на Вајштефанер, почна да го произведува како сезонска понуда, а од пролетта 2019 влезе и во извозната програма за цел свет.

При изборот на сорти на хмељ за Weihenstephaner 1516 Kellerbier, пиварите пронајдоа стара и многу ретка сорта, Hallertauer Record. Низ целиот свет, овој традиционален хмељ се одгледува само на вкупна површина од приближно три хектари. Халертауер Рекорд дава неверојатно единствен карактер и му дава пријатна горчина на пивото. Дополнително, Халертауер Перле придонесува за зачинестата арома, овошен карактер во пивото, и на крај, на крајот од вриењето се додава хмељот Халертауер Мителфру за да се збогати фината арома. Комбинацијата на блед пилснер и темни минхенски јачменски сладови му ја дава на Вајенстефанер 1516 Келербиер сјајната килибарна боја. Печените ароми на потемниот слад обезбедуваат пријатни ноти на карамела и исполнетост на телото на пивото.

Пивото е нефилтрирано, и непастеризирано, а пивските сомелиери го препорачуваат со месо и со риба, без разлика дали е на скара или пржена, тешки сирења како и други силни солени јадења.

Покрај ова пиво во редовната понуда ги има и Dunke. Heffeweizen и Vitus.